Тимот на Засе го покри Social Good Summit 2014 што се одржа во Скопје. Министри, претставници на академската заедница и професионалци од областа дискутираа на тема: Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година?
„Треба да ги користиме новите технологии за нови подвизи, но подвизи од кои гладните во светов да бидат нахранети, а не само фотографирани”, изјави Сашо Мацановски – Трендо, кој од модераторот на настанот беше најавен како „вистински великопоседник на витуелен простор во Република Македонија”. Покрај него, честа на професионалците од областа ја бранеше и Богдан Илиевски, познат и како Бетмен Велит.”
Скопје (23.09.2014) Social Good Summit, оваа година, за првпат, беше одржан и во главниот град на Република Македонија. Пред претставници на меѓународните организации, на невладиниот сектор, на академската фела, медиуми и студенти, Скопје беше беше домаќин на дебата со глобално популарна тема: Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година?
„Целта на овој самит, е да ги споиме новите, иновативни технологии, со влијателните умови и да ги насочиме кон една тема: откривање на огромниот потенцијал на новите медиуми и технологии кои можат да го направат светот подобро место за живеење”, изјави Постојниот координатор на ООН и Постојниот претставник на УНДП, г-ѓа Луиза Винтон, која воедно беше и еден од домаќините на Skopje Social Good Summit.
Претставници на државни институции на највисоко ниво ги претставија своите ставови пред присутните.
„Верувам дека човештвото навистина брзо напредува, а со тоа и Република Македонија оди напред кон промоција на активности поврзани со подобрувањето на квалитетот на живот. Наша задача е да влијаеме на локалните социјални услови, а со тоа се вклучуваме и ја поддржуваме