Даниел Кајмакоски им запеа на фудбалерите во новиот спот во копродукција со Фудбалската федерација на Македонија, а пораката е „верувај во себе“.
Момчето што со одличниот глас и настапи ги освои срцата на публиката, е заштитно лице на фудбалската репрезентација на Македонија.
„Верувај во себе“ е новиот спот на фудбалска тема на Кајмакоски, снимен пред мечот со Словачка. Лидерот во нашата група ќе ни гостува на „Филип втори“ арената во сабота, а дуелот од четвртата рунда ќе почне во 20,45 часот.