ВИДЕО: Петата на Роналдињо за еуфорија во гледалиштето ShareСпорт на 5.201535 годишниот бразилски фудбаслки ас Роналдињо подолго време не е во фокусот на фудбалските фанови. Веќе не е во формата во која некогаш играше во Барселона, но дека сеуштее вистински мајстор покажува овој потег:ShareTwitter Коментирај
Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски ОстровиСпорт пред 11 часаМакедонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови. Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски, а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски. Натпреварот се игра вечерва во 20:00.ShareTwitter Коментирај
Митревски блескаше на голот во португалското дербиСпорт пред една неделаМакедонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35. Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани. На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).ShareTwitter Коментирај
Македонија има нов светски шампионСпорт пред една неделаМакедонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. ShareTwitter Коментирај
Се и сешто (Фото) Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо
Забава Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници
Балкан Англичаните воодушевени од стадионот во Белград: „Ова ќе биде едно од најдобрите места за играње фудбал“