ВИДЕО: Перо Антиќ го тресна од земја Леброн Џејмс!

Кливленд поведе со 2-0 во финалето на источната конференција во НБА, а најзаслужен за тоа е секако „кралот“ Леброн Џејмс. Тој втор натпревар по ред го предводеше својот Кливленд до значајна гостинска победа кај Атланта во конференциското финале (94:82), но сепак најдобриот кошаркар на Кавалирс доби едно мало предупредување од нашиот Перо Антиќ уште во првата четвртина од мечот во „Филипс“ арената.

Untitled

За разлика од неговиот колега Кајл Корвер кој пред два дена избега како мало дете по едно пробивање на Леброн, овојпат Перо покажа заби и со груб старт го спружи на земјата „кралот“ Џејмс. Сепак, Антиќ беше казнет со намерна лична грешка од судиите, а Леброн на крајот го заврши натпреварот со 30 поени, 11 асистенции и 9 скока. Македонскиот кошаркар за 13 минути минати на паркетот придонесе со само 1 поен, 1 асистенција и 5 скока, додека најефикасен во редовите на Атланта беше Денис Шродер со 13 постигнати поени.

Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски Острови

Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови.

Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот  Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски,  а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски.

Натпреварот се игра вечерва во 20:00.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Популарно