ФОТО: Ова е најголемата јахта на светот: Голема колку два фудбалски терени

Фотографирана за прв пат, ова е супер-јахтата која се очекува да ги засени сите други.

Наречена "Double Century", таа има неверојатни девет палуби, се издигнува неверојатни 27 метри над водата и со своите 200 метри должина, таа е долга колку големината на две фудбалски игралишта.

2917f49d00000578-0-image-m-314327133949550

Јахтата е за 40 метри подолга од моментално најголемата супер јахта во светот, наречена "Azzam", која е во сопственост на Претседателот на Обединетите Арапски Емирати.

"Eclipse" на Роман Абрамовиќ со своите 160 метри, исто така ќе падне во сенка на "Double Century".

2917f49000000578-0-image-m-61432713478376

Брод со таа големина не доаѓа евтино, па оваа јахта, која е дизајнирана од Кристофер Сејмор, чини неверојатни 770 милиони долари. Но, ако ви е утеха, со тие пари сопственикот ќе добие луксуз кој е надвор од секаква споредба...

2917f49600000578-3098790-image-101432713856429

Ова е моментално најголемата јахта во светот - "Azzam", фотографирана за време на нејзиното претставување во Германија во 2013 година.

2917f49d00000578-0-image-m-314327133949550

291a2b0600000578-3098790-image-m-331432714393036

291be5a600000578-3098790-image-m-71432724666617

Три симптоми кои укажуваат дека имате запушени артерии

Многумина имаат препреки во артериите уште во двесетите години. Причината е нездрав животен стил, пушење, масна храна, дебелина, недоволно движење...

Како резултат на тоа многу луѓе кои се соочуваат со овој здравствен проблем не се ни свесни што се случува, се додека не стане предоцна.

Ова се трите најчести симптоми кои ви ги покажува телото, а алудираат на запишени артерии со цел на време да ги испитате ризик факторите и да ја промените дневната рутина во корист на вашето здравје.

Непријатност во листовитем бутовите или колковите

Доколу чувствувате непријатност во текот на движењето во пределот на нозете тоа значи дека тие не добиваат доволно крв. Непријатноста во мускулите или грчевите се можни знаци.

Болка во градите

Намалувањето на протокот на крв во градите, стегање, тежина, притисок или чувство на пецкање во пределот на градите, исто така, може да бидат знаци за евентуално запишување на артериите. Овие нешта се јавуваат најчесто по физички или емоционален напор па така дел од лицата не ги приметуваат лесно овие симптоми. 

Губење на видот

Доколку ви се случи привремен прекин на видот или периодично губење на видот само на едното око треба да знаете дека нешто се случува со артериите.

Освен овие симптоми докторите предупредуваат да внимавате доколку страдате од замор, вртоглавица, студени раце или нозе, промена на бојата на кожата.

Чуда се случуваат на денот на Св.Василиј Острошки

Православната црква и верниците во недела го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец чии чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело.

Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивен близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако одлучите да побарате помош од овој светец од утре мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност која се подготвува за вакво патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на Свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лечат сите болести.

Дебелите луѓе одат почесто на боледување

Европејците со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување од останатите луѓе, покажа истражување објавено на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција, Италија.

Според истражувањето што опфатило 122.598 работници во 26 европски земји, колку еден човек има поголем вишок килограми, толку е поголема честотата на боледувања.

Најчести наведени причини се болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.

Британските работници се трети најобезни во Европа, а бројот боледувања е двојно зголемен во Обединетото Кралство последниве 10 години.

Тоа, според проценките, значи намалување на продуктивноста во британската економија за околу 33 милијарди фунти.

Популарно