РК Вардар немаше достоен противнок во финалниот меч од пријателскиот турнир „Вардар“ кој за прв пат се организира. Екипата на шведскиот шампион Кристијанштад, не успеа ни да ги испоти вардарци. Конечните 32:24 црвено црните ги обезбедија со половина сила. На теренот повтроно се појавија сите играчи кои беа пријавени за натпреварат, а издвојување на најдобрите поединци би било некоректно. Победата на овој турнир на Вардар и воиграноста на тимот се ветување за одлична сезона и надеж за пласман на толку посакуваниот фајнал фор.
Сезона започнува скоро, па вардарци ја искористија победата над Кристијанштад да се соберат и прослават. Им ппосакуваме многу поводи за славње оваа и и секоја следна сезона.