ЕВЕ КОИ ДРЖАВИ СЕ НА УДАР НА ТЕРОРИСТИТЕ: Дали и Македонија е на листата?

Земјите во кои престои најголема опасност од напади на туристите се Шпанија, Франција, Турција, Тунис и Египет, додека Босна и Херцеговина е означена со портокалова боја, односно спаѓа во средниот степен на ризик од напад на терористи.

timthumb

Државите кои се означени со црвена боја моментално се најзагрозените места и треба да ги избегнувате ако сте одлучиле да одите таму на годишен одмор. Поради терористичките напади кои се случија во Франција минатата година, оваа земја се издигна на листата на опасни земји.

Во Тунис пред четири месеци настрадаа 37 британски туристи во терористичкиот напад на една хотелска плажа, така да и оваа дестинација не е веќе сигурна за Европските туристи.

Шпанија исто така е обележана како место со голема можност од напад на туристите односно земја во која постои голем ризик од терористички напади. Шпанија секоја година ја посетуваат околу 12 милиони Британци во потрага по сонце, но сега не се препорачува да се оди во таа земја, советува британската влада.

karta

Зоната со среден степен на ризик од напади е означена со портокалова боја, а тука се вклучени Германија, Италија, Грција, Мароко, Шведска но и Босна и Херцеговина. Во овие земји е можен напад на терористи од Велика Британија поради конфликтите во Ирак и Сирија.

Хрватска е означена како базна закана, со жолта боја. Не е најниска но под неа има уште два степена. Португалија и Бугарија се исто така означени со „жолто“, а Хрватска и тие две земји годишно ги посетуваат околу два милиони Британци.

Ако сакате да прошетате во Европа, најсигурно би ви било да одите во Швајцарија, Словенија, Чешка и Полска. А гледајки дека ни Македонија не е на листата, секогаш можете да патувате по разни места низ земјава.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно