(ФОТО+18) Судијата што го уништи финалето на Копа Америка ја потресе Јужна Америка со срамните фотографии

Финалето меѓу Аргентина и Чиле во Копа Америка донесе доста жестоки дуели, но и крајно сомнителни одлуки на судијата Ебер Лопес, за кого многумина по крајот на натпреварот потенцираа дека ја уништил убавината на завршниот меч со своите решенија и обидот да се најде во центарот на вниманието.

Добар дел од медиумите го осудија за изборот на судија на големото финале, а сега токму бразилскиот арбитар е причина за актуелниот голем скандал во Јужна Америка, откако се појавија негови срамни фотографии кои наводно се доказ за неговото непримерно однесување по финалето.

Весниците од Јужна Америка ги пренесуваат фотографиите на кои може да се види Лопес во друштво на две голи девојки, кои според информациите ги платил за да се опушти по напорниот меч меѓу Аргентина и Чиле на кој покажа два црвени картони.

2sudija-kopa-640x480-520x390

1sudija-kopa-640x480-520x390

sudija-kopa-640x359-520x292

Ова е второ големо оцрнување за Лопес во последните десетина години, бидејќи во 2005 година беше вмешан во скандал за местење натпревари, од кој беше ослободен од тогашниот бразилски претседател на федерацијата, Рикардо Тешеира.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно