ФОТО: Вака спие синчето на Перо Антиќ ShareСпорт на 11.2016Сопругата на македонскиот кошаркар Перо Антиќ, Ружица објави слатка фоографија на Фејсбук на која се гледа како спие нивното најмало синче, Петар.ShareTwitter Коментирај
Македонија со убедлив пораз се враќа од Фарски ОстровиСпорт пред еден денРакометарите на Македонија убедливо загубија на гостувањето кај Фарски Острови со 34-27 (18-14), во рамките на првиот дуел од бараж двомечот за пласман на Светското првенство. Нашите ракометари доста грешеа и немаа решение за полетната игра на Фараните кои пред полните трибини на малата сала „Холин а Халси“ дојдоа до круцијален триумф. Едно е сигурно, Македонија ќе има пеколно тешка задача да се избори за одржување на континуиетот на големите собири, бидејќи се враќа во Скопје со висока негатива. Најдобар наш поединец беше Филип Кузмановски кој даде осум гола, додека по пет имаа Марко Митев и Никола Костески, а Лазаревски запре на четирите од првиот дел. Македонските дефанзивци немаа решение за Елиас Елефсен а Скипаготи кој даде десет погодоци. Што се однесува до голманите, Митревски имаше шест одбрани, а исто толку комбинираа и Фараните. После мечот Кирил Лазаров изјави дека не губат надеж до последниот свиреж во недела и ја побара поддршката од публиката. Реваншот е закажан за внедела во Борис Трајковски од 19:00 ShareTwitter Коментирај
Лазаров ги избра конечните 16 за тешкиот дуел со Фарски ОстровиСпорт пред 3 денаМакедонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на следното Светско првенство. Нашите најдобри ракометари гостуваат кај незгодните Фарани, а селекторот Кирил Лазаров го одреди составот со кој вечерва ќе се спротистави на Фарски Острови. Лазаров избра 16 ракометари, меѓу кои се најдоа кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Алваров, а деби ќе има и младиот Дамјан Митев. Се разбира, тука се и искусните Кузмановски, Талески, Митревски, Пешевски, а на трибините ќе останат Марко Стојковиќ, Валентин Карасманакис, Марко Кизиќ, Џонов и Карапалевски. Натпреварот се игра вечерва во 20:00.ShareTwitter Коментирај
Митревски блескаше на голот во португалското дербиСпорт пред една неделаМакедонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35. Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани. На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).ShareTwitter Коментирај
Забава Поради говор на омраза кон Црна Гора: Избришан инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша со 2 милиони следбеници