МАКЕДОНСКИТЕ КАРАТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ НА ЗАВРШНИ ПОДГОТОВКИ ВО МАВРОВО!

Карате клубот Макпетрол со своите репрезентативци денеска замина во својата зимска тренинг база во хотелот Макпетрол во Маврово.

Тренерот на клубот Бошко Заборски изјави:- Не смееме и не можеме да оставиме ништо на случајност. Ние секогаш правиме се што е во наш домен за максимална подготовка на нашите репрезентативци.Првиот дел од еднонеделните подготовки го завршивме на почетокот на месец Јануари.Потоа имавме заеднички викенд подготовки со Бугарскиот национален тим.

Вториот дел го направивме во Скопје во нашата тренинг сала и сега сме во завршната трета фаза од овој дел на периодизацијата до европското првенство за кадети,јуниори и (У21, постари Јуниори), кое треба да се одржи во Софија. До почеток на првенството имаме уште неполни две недели.Во Маврово ќе останеме една недела до 11.02.2017 год и последниот ден имаме и заеднички тренинг со репрезентацијата на Македонија во Скопје..За подобра подготвеност на нашите репрезентативци го вклучивме и ангажиравме комплетниот сениорски погон од клубски натпреварувачи вкупно 15 сениори-ки ќе работат за подобра подготвеност на нашите репрезенти: Петар Заборски (-75), Моника Пендаровска (-55) и Анѓела Мојсовска (-68), сите се во возрасна група на постари јуниори У21.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно