ВИДЕО: Карлеуша ја расплака натпреварувачката, па си доби лекција

Српската пејачка Јелена Карлеуша често е „најстрашниот“ член од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Таа често пати е брутална кон натпреварувачите, ги навредува, ги понижува, но овој пат се надмина себе си.

Таа успеа да расплаче една од натпреварувачките, така што кој знае дали оваа девојка по ова повторно ќе фати микрофон. Дали можат да им ги срушат соновите и на најдобрите? Очигледно трнлив е патот до славата!

Од продукцијата најавуваат дека во вториот круг шестчленото жири ќе биде далеку по строго од тоа досега.

(ФОТО) Дуа Липа предизвикала бес во Србија: Гоца Тржан со драматичен предлог за пејачката!

Како што е веќе познато репрезентацијата на Србија беше поразена со 2:1 од Швајцарија, но головите за швајцарците ги постигнаа Шаќири и Џака, фудбалери со албанско потекло. Џака после голот на градите со рацете формирал орел, национален симбол на Албанија.

Орелот на градите на Џака го коментираат бројни новинари и навивачи,а Дуа Липа, светски позната пејачка, е горда на овој потег на својот сонародник. Пејачката на својот Инстаграм стори објавила фотографија на која и’ Шаќири и’ Џака го покажуваат знакот, а се’ украсила со знамиња на Албанија.

Нејзиниот потег ја збеснал српската јавност а навијачите го „окупирале“ нејзинот профил на Инстаграм каде на последните неколку фотографии ужасно ја наредуваат и пцујат, на национална основа. За се’ се огласила и српската пејачка Гордана Тржан која би го забранила емитувањето на песните на славната пејачка на тамошните радио станици. Но, и’ Тржан со објавата си предизвикала низа негативни коментари…

(ВИДЕО) Беквалац дојде во Велес и помина незаборавна ноќ – еве ја атмосферата

По скандалот кој веќе како темна сенка ја следи во животот, а го преживеа веднаш по раѓањето на ќерката, српската-поп пејачка Наташа Беквалц реши што побрзо да и се врати на сцената, да заработи и полека да го стави лошото искуство со сопругот зад себе.

Имено, таа викендов престојува во Македонија, а поводот се нејзините настапи во неколку дискотеки.

Првин се појави пред велешани, а веќе следниот ден замина кон Гевгелија.

Атмосферата од преполниот клуб каде публиката заедно со неа ги пееше нејизните најнови хитови ја гледате од видеото во продолжение, кое се најде на профилот на пејачката на социјалната мрежа Инстаграм.

(ГАЛЕРИЈА) Каролина Гочева пред фото објективот како светски познат модел

Нежна, природна, харизматична, македонското девојче во едно поинакво издание. Наместо пред камерите, Каролина Гочева застана пред фото објективот за новата фотосесија на еден познат моден бренд. Во оваа фотосесија Гочева е преставена во сосема природно издание. Порачува „денот да го започнете со насмевка“. Уживајте во фотографиите на кои се гледа дека Каролина навистина уживала во овој предизвик.

Во неодамнешното интервју Каролина зборуваше за тоа како е да се биде одмерена личност која не ја следат многу скандали и приказни.

– Јас сум приватен тип на човек. Не ми се допаѓа прекумерно експонирање во секојдневието, што не значи дека ми пречи што некој друг тоа го прави со својот живот, едноставно јас сум некој што знае да повлече црвена линија кога се приватноста и професијата во прашање и очекувам и тие кои ме познаваат да го почитуваат тоа. Од друга страна, никогаш не сум го криела приватниот живот, само сум се трудела деталите да ги сочувам за себе.

Извор: 1ТВ

Популарно