(ВИДЕО) Глетка од која целиот Балкан занеме! Езерото пресушило па испливале куќи, џамија и гробишта

Откако во Босна и Херцеговина поради лоша хидролошка година и засилено производство на електричната енергија го донеле Јабланичко и Рамско езеро на најниско ниво во последните неколку години, со дрон е снимено како денес изгледа од воздух Рамско езеро.

Глетката која е забележана одзема здив, а некои изгледаат како да не од планетата Земја.

Погледнете како тоа изгледа:

Рамско езеро постои од 1968 година и настанало како резултат на потопување на коритото на реката Рама. Кога водостојот е на нормално ниво, неговата должина изнесува приближно 12 километри. Како што потврдиле Рамјанци најголема измерена длабочина изнесувала околу 95 метри.

Но, тоа што го одделува од останати вештачки езера во БиХ се островите и полуостровите. На едно од полуостровите на Рамското езеро се наоѓа и Фрањевачкиот манастир Рама – Шќит. На ова езеро се подготвувала и веслачката репрезентација на Австрија, а за освојување на медали на Олимписките игри во Рио де Жаниеро тука се подготвувале и хрватските веслачи.

Пред неколку дена се објавени снимките на кои се гледаат осататоци на куќи, гробишта и џамија кои „изрониле“ со исушување на Рамското езеро. Имено, на дното на езерото се наоѓа потопеното село Кочиќ во кој животот некогаш беше и тоа како интензивен.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно