ФОТО: Мотоциклистот се бори за живот - очевидци тврдат дека полицијата е виновна

Скопјанецот Д.Ш.(35) се бори за живот откако настрада во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчеравечер околу 18.24 часот на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ во близина на училиштето за средно образование „Јоси Броз Тито“ во Скопје.

Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“, сопственост на МВР на Р.М. управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш., велат од МВР.

- Полициското возило беше без вклучено ротациско светло и сигнализација, непрописно сврте полукружно, при што се судри со моторот - раскажува еден од очевидците.

Момчето кое го возело моторот паднало на асфалтот откако било исфрлено неколку метри во воздухот.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба.

Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар. По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно