(ГАЛЕРИЈА) Ова се најскапите автомобили со кои се фалат турбо фолк ѕвездите од соседството

Турбо фолк ѕвездите од Србија уживаат да позираат покрај своите „миленици“ на четири тркала.

Помеѓу најскапите автомобили кои ги поседуваат пејачите секако се Мајбах, Порше и Бентли, чии цени се движат од 90 000 евра да се до 700000евра!

Со вакви луксузни возила сепак може да се пофалат мал број пејачи. Останатите поседуваат малку поевтини возила, кои рака на срце не заостануваат многу зад наведените суми.

Еве што поседуваат турбо фолк ѕвездите:

Драгана Мирковиќ

Сопругот на Драгана Мирковиќ Тони Бијелиќ пред две години стана сопственик на фабрика за скапоцени автомобили „мајбах купе“ и од тогаш Драгана не излегува од своите автомобили. Но ретко не би уживал во автомобили кои досегнуваат цена до 700 000 евра и претставуваат вистински престиж.

Лепа Брена

Поради тоа што Драгана и нејзиниот сопруг Тони имаат цел возен парк на продажба, Лепа Брена не сакала да заостанува зад својата колешка, па и таа побрзала од нив да си купи нов автомобил. Брена се почестила со нов „мајбах Ѕ500“, чија цена се движи околу 150 000 евра, а го отплатувала на рати.

Дара Бубамара

Уште една фолк пејачка се почестила пред две години со нов спортски автомобил, убавец вреден 95000 евра на кој дури му посветила и песна.

Јелена Карлеуша

Дива како што милува да се нарекува од својот сопруг добила на подарок џип за каков што многумина може само да сонуваат. Фудбалерот Душко Тошиќ ја изненади своојата сопруга со навистина оригинален и луксузен подарок – најнов модел Форд Експедишн џип и тоа од луксузан едиција. Меѓутоа, тука не е крајот – Карлеуша во својот посед има и едно Ламборџини. Во прашање е моделот по кој лудуваат светските ѕвезди, а тој на Јелена е еден од шесте кои се наоѓаат во Европа и единствен на Балканот.

Диди

И пејачката Дијана Јанковиќ сопругот одлучил да ја почести со еден од 12 Bentija Le Mansorija GTC 2 на светот, чија цена се движи од 210.000 до 240.000 евра.

Сека

Сека Алексиќ, исто така од сопругот Вељко Пиљкиќ, за роденден добила мерцедес СЛК вреден приближно 100 000 евра.

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно