Сите кои зеле кредит од банка по мај 2007, ТУЖЕТЕ и ќе го ДОБИЕТЕ СПОРОТ!

Доколку сте подигнале кредит по мај 2007 година, имате право да ги тужат банките поради провизиите кои незаконски ви се наплатени и да барате надокнада штета, вели претседателот на здруженеито Ефектив Дејан Гавриловиќ.

Тој изјави дека очекува да луѓето се одѕиват на повикот, а да со судската пресуда ја натераат NBS да реагира и ја спречи наплатата која е сперотивна на законот.

Дневниот весник Денес, објави на 9 мај со текстот под наслов „Банките незаконски земале повеќе од 60 милиони евра од граѓаните“. Во текстот се наведува дека банките спротивно на законот, од клиентите им наплатуваат поедини услуги, како што е на пример „надокнадата за пуштање на кредит во курсот“, „обработка на кредитниот зафат“, или „месечна надокнада за следење на кредитот“.

Има и такви банки кои наводно не плаќаат заем за обработка на кредитот, но затоа наплаќаат месечно одржување. На крајот, има банки кои го наплаќаат и едното и другото.

Доколку граѓаните, во овој момент би ги тужеле банките, од нив би можеле да наплатат вкупно повеќе од 66 милиони евра, и тоа без затезни камати, пишува Денес.

Здруженето за заштита на корисниците на финансиските услуги на „Ефектив“ најавија дека ќе ги повикаат своите клиенти да поднесат тужба против банките.

Претседателот на Ефектив Дејан Гавриловиќ изјави дека тоа здружение говори со години наназад дека таа надокнада е незаконска. Банката според Законот за облигациони односи не смее да наплатува ништо освен камата, како цена на чинење на кредитот, истакна тој.

„Во каматната стапка банките треба да ги искалкулираат сите трошоци кои ги имаат, и низ каматна стапка да ги наплатат трошоците, и да заработита, тоа не е спорно, но банките го работат тоа што го работат“, изјави Гавриловиќ и додаде дека тоа се случува, поради тоа што Народната банка на Србија го толерира таквото однесување.

„Влезете во банка, аплицирајте за кредит, тие ќе ви го одобрат и ќе ви наплатат провизија, ќе ви наплатат провизија за пратење на кредитот, сакате предвремено да го отплатите – тие ќе ви наплатат провизија и за тоа, сакате репрограм, тие го наплаќаат и тоа… – наведе претседателот на Ефектив.

Македонците секој викенд на шопинг во Врање

Околу 200 Македонци за време на викенд ги посетуваат блиските градови во Србија за да ги испазарат потребните намирници. Секој од нив во просек троши по 5.000 динари (околу 2.500 денари), поради што трговците на југот од Србија задоволно ги тријат рацете.

Ова се дел од наводите на белградскиот весник „Блиц“, кој пишува опширно за шопингот преку граница и со другите српски соседи: Унгарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Бугарија и Црна Гора.

„На улиците низ Врање за време на викендот се повеќе се слуша македонски јазик, бидејќи во шопинг доаѓаат преку 200 жители на соседната земја“, пишува „Блиц“.

Нивното истражување покажало дека Македонците најмногу пазарат сувомеснати производи, сирење, кајмак, гардероба и обувки, поради што трговците во бројните бутици имаат двојно повеќе работа и промет од вообичаеното.

„Митко Дбарлиев секоја сабота со сопругата Виолета од Скопје проаѓаат по 90-ина километри за да го наполнат автомобилот со квалитетна и за 20 до 30 отсто поевтина српска роба. Најмногу купувачи има од Куманово, каде живеат и голем број Срби. Најмногу пазарат долна облека, дуксери, фармерки, маици, постелнина, а омилени места им се двата градски пазари“, тврди весникот.

Во обратен правец, пак, заминуваат купувачи од Србија, кои во Македонија воглавно пазарат сувомеснати производи, сирење фета, цигари и гардероба. Нивниот број, како што се наведува во статијата, сега е многу помал во споредба со претходните години и тоа најчесто станува збор за сопственици на бутици од Врање.

Наместо покачување, пензиите покуси од Септемвриските

Пензионертите се разочарани. Пензиите во месецот октомври се помали за 150 до 250 денари во однос на септемвриските пензии.

Пензионерите очекуваат линеарно  зголемување на пензиите од 600 денари кое беше пракса на претходната влада, меѓутоа од новата власт добија намалување на пензиите..

Кога се презентираше предлог буџетот за наредната година, Министерството за финансии напомена дека ќе има екстра зголемувања за пензионерите. Исто така и СДСМ за време на изборниот период даде ветувања дека ќе има покачување на пензиите, а сега со доаѓање на власт, пензионерите први ја плаќаат нивната неодговорност.

Колку ќе биде К-15 за 2017-та година?

Регресот за годишен одмор или К-15 и оваа година ќе им следува на вработените во приватните компании од македонското стопанство. Фирмите коишто не го исплатиле во претходните 10 месеци ќе мораат тоа да го направат во ноември и декември, а во случај да не го исплатат предвидени се парични и затворски казни за работодавачите.

Висината на К-15 се одредува врз основа на податоците за износот на просечната нето и бруто плата по вработен исплатена во последните три месеци. Врз основа на овие пресметки, минатата година тој износ беше најмалку 8.909 денари – најмалку 40% од просечната нето плата, а најмногу до 13.116 денари – најмногу до 40% од просечната бруто плата по вработен објавена за последните 3 месеци.

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ОЧЕКУВА ПОВИСОК К-15 ЗА 2017?

Зголемувањето на минималецот од 10.080 на 12.000 денари и постојаниот пораст на просечната бруто и нето плата по вработен во Македонија се двата фактори кои влијаат на тоа работниците на крајот од годината да добијат поголем износ за К-15 во однос на оној кој беше исплатен минатата година.

Нашата пресметка врз основа на податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) за движењето на просечната нето и бруто плата во месец јуни покажа дека износот на К-15 за секој вработен во Македонија треба да се движи во интервал од 9.123 до 13.403 денари.

Доколку истата пресметка ја адаптираме на најновите податоци на ДЗС за месец август, тогаш износот на К-15 за 2017 година би бил уште поголем во однос на бројките добиени за месец јули. Така, минималниот износ на к-15 би бил 9.164 денари (40% од 22.912 – просечна нето плата по вработен за август), а максималниот износ би изнесувал 13.470 денари (40% од 33.675 – просечната бруто плата по вработен за август).

Популарно