ФОТО: Уметник од Јапонија создава ремек дела од картонски кутии

Луѓето различно гледаат на картонските кутии.

За некои тие се само уште едно место за складирање, за мачките можат да бидат совршен дом, а јапонската уметничка Монами Охно картонот го претвора во вистински ремек-дела.

Бидејќи и недостигале пари за неопходниот софтвер, Монами се одлучила празните картонски кутии да ги искористи за вежбање. И така станала скулптор на картонски кутии.

Својата креативност ја искажува правејќи различни фигури, од ликови од видео игри, преку секојдневни предмети, автомобил и воена опрема, личности од популарната култура, па до храна.

Она што посебно импресионира се многубројните детали на кои им посветува многу внимание.

Мачор на прошетка низ Европа: поминал 900 километри за половина година

Една Холанѓанка по шест месеци тага си го пронајде изгубениот мачор, Пепер. Тоа и не би било така невообичаено, доколку миленичето не е најдено во - Австрија, цели 950 километри од својот дом, јави телевизијата ОРФ.

Мачорот бил згрижен во една ветеринарна клиника. За среќа, имал и микрочип, по којшто неговата сопственичка и била пронајдена. На дамата и се посреќило и тоа што еден Австриец се пријавил доброволно да и го однесе мачето до нејзиниот дом.

Веројатно никогаш нема да дознаеме како тоа стигнало до Австрија, но едно е сигурно - наскоро Пепер ќе се врати дома. 

ВИДЕО: Камера з авреме на ноќта во една шума уловила на снимка страшна случка

Шумата во Ајдахо изгледала прим амливо за еден човек кој сакал да види нешто интересно. Тој поставил камера за ноќно снимање надевајки се дека ќе види нешто интересно, но добил снимка која е и повеќе од тоа.

Големата црна мечка е ѕверот која се појави на снимката. Таа откако ја забележал, ја нападнал камерата. Погледнете како изгледал нападот:

Работа која е платена 9.000 денари дневно, а никој не ја работи

Оние кои не се задоволни со дневниците на Балканот можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе.

Таму дневницата за берење аспарагус е 150 евра (околу 9.000 денари), работниот ден трае од осум до 10 часа со една пауза. Во недела не се работи.

Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 8,5 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа. Сепак, многу е атрактивна за странците, рекол Марио Котурич, член на Управата на Хрватскиот економски сојуз во Франкфурт за Слободна Далмација.

Од делот на овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако поднесат барање на крајот од даночната година.

Мислењата на интернет форумите се поделени - од воодушевување од брзата заработка, до разочарување од високите цени, посебно на цигарите и другите луксузни артикли.

Како недостатоци, најчесто се наведуваат тоа што се работи „по цел ден“ (не е прецизирано), што смештајот е во работни бараки и што обилен оброк чини по 10 евра на ден, но затоа наведуваат дека паузата за ручек трае еден час.

Популарно