ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Саша Ковачевиќ VS. Дејвид Бекам во сладок дуел!

Саша Ковачевиќ и Дејвид Бекам ќе си ги одмерат силите на терен или на сцена?! Сладок дуел со кој беше предизвикан белградскиот заводник Саша Ковачевиќ од страна на неговиот близок пријател и соработник Боби кој е сигурен дека за 3 години Саша ќе го надмине Бекам, во сите параметри кога е во прашање убавината, кариерата, парите, животниот стил и секако жените за кои не се ни сомневаме.

Предизвикот беше пренесен на неверојатно оригинален и сладок начин преку прекрасна голема торта креирана од Салонот за слатки „Magic Cake“ и слаткарскиот гуру Катерина Алексовска. На тортата е запишана и годината 2020 до кога Саша има рок да ги исполни сите параметри кои му ги постави неговиот пријател Боби.

Совршен подарок и совршени желби кои може да ги посака вистински пријател. Предизвикот го стартуваа со едно големо магично парче торта. Среќно Саша!

(Видео) Благоја Грујовски: Немам ништо против син ми да донесе разведена жена со две деца

Во најновата епизода Искрено на тема развод и втора шанса девојките разговараат со Благоја Груевски. Благоја раскажува многу интересни детали од првиот но и од вториот брак.

Со Ивана и Адријана сподели пикантерии од љубовните врски и односот кон понежниот пол. Одговори и на прашањето како би реагирал ако синот реши да се земе со разведена жена со две деца.

Зборуваше за сите душогрижници, кои повеќе ги интересира туѓиот од сопствениот живот. Тој вели дека разводот е подеднакво тежок и за мажите и за жените, но имал среќа неговиот да помине без компликации.

Дали постои начин полесно да се преброди ваков период од животот Искрено со Благоја Груевски.

(Фото) Му плачеше на Саша Поповиќ, тој ја врати во ЅГ – вети дека ќе се појави гола

Милица Костадиновиќ, 17-годишна учесничка во музичката талент шоу програма „Ѕвезде Гранда“ запрепасти многумина со своите предизвикувачки стајлинзи, а откако откако пред 20 дена беше елиминирана од трката за главната награда, имаше што да му порача на Саша Поповиќ, креативниот уредник на овој проект.

– Ох, не се работи за тоа што очекував, веднаш да кажам. Тоа што сум најмлада ме повреди и знам дека можам да направам најмногу од сите овде. Свесна сум за тоа. Некако, сметам дека во нас најмладите треба да вложат најмногу време и простор. Генерално, секогаш се трудам кога е оваа сцена во прашање – низ солзи изјавила Милица за „Гранд“.

– Ова многу ми значи, не е како некоја минлива фаза или станица. Си реков нека биде како што треба. Ако Саша Поповиќ ме врати на натпреварот, ќе дојдам гола. Ете така, просто и едноставно. Ќе докажам дека не е се во пеењето – додала Костадиновиќ.

И синоќа јавноста повторно имаше можност да ја види Костадиновиќ, која очигледно со одлука на Саша Поповиќ беше вратена во шоуто. И повторно во провокативно издание, но далеку од гола како што најави, се појави на сцената. Сепак, таа не задоволи со пеењето, па синоќа повторно беше исфрлена, но сега солзи немаше.

А како тргна Саша Поповиќ може да ја врати и третпат, ако ветувањата на Костадиновиќ се доволно примамливи за да ги залепат гледачите на екраните.

(Фото) Пејачката нападната бидејќи ги славеше и Бајрам и Велигден

Пејачката Риалда Карахасановиќ го прослави Бајрам, па покажа како изгледа нејзината празнична трпеза. Риалда истакна дека нејзиното семејство требало да дојде, но дека сепак го прославила празникот со своето момче.

-Требаше да дојде моето семејство од Сараево и да бидеме сите заедно како семејство, но поради деловни обврски тоа за жал не успеавме да го реализираме. Сепак беше убаво, го прославив Бајрам со дечко ми, неговото семејство и пријателите. Во принцип, многу ми се допаѓаат празниците, сакам кога се собира семејството. Се чувствувам задоволно и исполнето и тоа е нешто што е најважно, особено кога се во прашање празниците, истакна Риалда.

Една недела претходно, Риалда го прослави Велигден со своето момче и неговото семејство во Белград, што наиде на осуда во нејзината родна Босна. Имено, кога пејачката објавила дека бојадисува јајца, добила критики од луѓе кои ја окарактеризирале како некоја која „продала вера за вечера“.

Таа беше “нападната“ со низа негативни коментари само затоа што ги прославувала двата празника. Нејзиното момче е Србин, па во коментарите пишуваат дека заради љубов заборавила на верата и слично.

Популарно