ФОТО: Досетливи свадбари си играат мајтап со музичарите

Досетливи свадбари во изминатиот период, откако е пуштена во промет банкнотата од 2.000 денари, си играат мајтап со музичарите што ги забавуваат гостите на свадбените забави.

Со цел да заштедат на бакшиш, но и да се покажат пред сватовите, голем број од гостите се почесто изработуваат фалсификат банкноти, односно ги копираат на обичен штампач, и во долниот дел им допишуваат – Среќен брак.

Потоа со истите, нарачуваат песни, а музичарите понесени од атмосферата, во целата гужва, дури откако ќе си заминеле дома, при пребројувањето на бакшишот, ја забележувале измамата.

,,Бевме на приватна забава во еден локал во внатрешноста, се славеше ергенска вечер. Во тек на забавата, некој од расположеното друштво ни ги подметнал фалсификуваните банкноти, најверојатно како дел од невкусна шега, и ги забележавме дури кога завршивме со настапот.

Сето ова е доста навредливо и понижувачки за нас, музичарите, кои се трудиме на гостите да им овозможиме незаборавна забава” – ни раскажа музичарот Тони Наумов од Бумбари Бенд.

Тој не е единствениот кој што завршил со фалсификуван бакшиш. И многу други негови колеги имале слично искуство, но велат дека се срамат јавно да го кажат тоа.

,,Ваквите изненадувања се случуваат често, па колегите нека отворат добро очи. Воопшто не е смешно, ниту пак забавно, туку е доста потценувачки за музичарите, кои се обидуваат чесно да заработат.

Ако некој сака да биде ѕвезда на свадба и да импресионира со лепење на бакшиш, нека го прави тоа како што е редот, а не со безвредни парчиња хартија” – велат колеги на Наумов.

Лани ,,Фокус” пишуваше за искуството на битолската фолк пејачка Сања Ристеска, на која весели гости за време на настап и лепеле пари Владимирки. Владимирките се појавија како герила акција на активисти на Шарената револуција, со ликот на битолскиот градоначалник Владимир Талески и со испечатена сума од 360.000 евра, откако тој беше осомничен за злоупотреби и за малверзации со превозот на ученици во Битола во вредност од 360.000 евра.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно