РАЈ за мажите: Град во кој е срамота да имате една девојка!

Додека мажите ширум светот се прашуваат како да најдат девојка или жена, во овој кинески град мажите имаат вишок девојки.

Разликата меѓу мажи и жени во Дунгуан е голема, па на 89 мажи има 100 жени, што било предизвикано од политиката на вработување: локалните фабрики постојано бараат женски работници, па мажите масовно се иселуваат во потрага по работа.

Поради „дефицитот“ на мажи, не е чудно што еден маж има по три девојки, а еден од нив изјави дури дека е „срамота да се има само една девојка“.

„Во овој град е полесно да си најдеш девојка отколку работа. Јас имам три, како и повеќето мои пријатели. Овие девојки се знаат меѓу себе и знаат една за друга, никој не сака ништо да скрие“, вели Сијао Лин, работник во фабрика.

„За нас тука оваа ситуација е сосема нормална. Насекаде има прекрасни, млади девојки, па би било штета да се сами. Нивната цел не е да дојдат до пари или нешто друго преку мажот, природно е да сакаат машко друштво“, вели Лин.

Во Дунгуан исто така не е необично жената да плаќа за ручек или вечера и пијачки, со оглед на тоа дека поголемиот дел од нив се вработени.

ВИДЕО: Секс сред продавница!!!

Британски пар сакал да го испроба брачниот кревет пред да го купи.

– Ова е најдобриот секс кој сум го имала, рекла жената која со своето момче завршила што требала.

Меѓутоа, тие на крајот сепак не го купиле креветот, затоа што бил премногу скап, а продавачите ги исфрлиле од продавницата.

Што ќе се случи ако место еден, ставите два кондома?

Освен заштита од несакана бременост, кондомот има голема улога и во спречување на ширење на сексуално преносливи болести. Но, иако денес се достапни речиси насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои митови за овие „гумени заштитници“. 

1. Ставањето на лубрикант врз кондомот ќе го спречи неговото пукање

Вистина: Лубрикантите врз база на масло и силикон всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести

Вистина: Кондомите не пружаат целосна заштита од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се открило дека може да се пренесе и по сексуален пат. Кај ХПВ како и кај херпесот, може да се случи личноста со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но може да му ја пренесе болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс не можете да користите кондоми

Вистина: Можете да користите кондоми изработени од полиуретан и полиизопрен.

4. Добро е да се чуваат кондомите во паричник

Вистина: Чувањето на едно пакетче кондоми во паричникот подолго време може да го истенчи материјалот од кој е направен кондомот и на него може да се направат ситни дупчиња.

5. Користењето на два кондоми одеднаш ја удвојува заштитата

Вистина: Користењето на два кондоми одеднаш всушност ја намалува заштитата бидејќи се создава поголемо триење и поголема е можноста од пукање на презервативот.

Колку треба да трае сексот за жената да го доживее врвот?

Иако должината на сексот треба да биде индивидуална, компанијата Lovely реши да дознае колку минути трае водењето љубов кај повеќето двојки.

Според необичното истражување, на просечна двојка сексот им трае 12 минути, а интересен е податокот и дека најзадоволни се оние кои своите сексуални игри ги водат 19 минути.

За разлика од нив, кај двојките чиј секс трае околу 7 минути, се јавува потреба нешто да менуваат во својот однос.

Покрај ова истражување, треба да се земе обзир и претходното, кое покажа дека на жените им треба повеќе време да постигнат оргазам, па обавезно треба да се воведе предигра. Според тоа, 12 минути можеби често им е прекратко.

Популарно