Еден од најголемите хитови на Тоше е напишан во затвор: Песната е по вистинска случка

За неколку дена навршуваат 10 години од трагичната смрт на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески. 

Еден од најголемите хитови, иако сите песни на Тоше се многу слушани и денеска, „Соба за тага“ зад себе скрие страшна приказна. Доколку ви треба потсетување, ова е текстот:

Сега, се одлучив така

а уште тебе те сакам,

по една минута бурна

ти мојот живот го урна

А мракот боли ко лага

и не знам зошто да станам

зар таа соба за тага

гледа на западна страна

Помеѓу врати и прозорци

на кревет спомени лежат

тука се моите чекори

но како олово тежат

од мене што и да бараш

јас сум на адреса стара

Помеѓу врати и прозорци

на кревет спомени лежат

тука се моите чекори но како олово тежат

Моја си замка паднав и спијам

сите си мислат дека се кријам

нема да пројде само од себе

сè ме боли после тебе (x2)

Тука од луѓето бегам

а, ништо твое јас немам

бар твоја сенка да видам

во твојот шепот да бидам

А мракот боли ко лага

и не знам зошто да станам

зар таа соба за тага

гледа на западна страна

Помеѓу врати и прозорци

на кревет спомени лежат тука се моите чекори но како олово тежат

Моја си замка паднав и спијам

сите си мислат дека се кријам

нема да пројде само од себе

сè ме боли после тебе

Зар таа соба за тага

гледа на западна страна

Помеѓу врати и прозорци...

Легендата вели дека текстот е напишан од маж кој бил во затвор за убиство на љубовникот на својата сопруга. Песната некако стигнала до менаџерката на Тоше, која му предложила да ја отпее. Иако, истото не може да се потврди, се шпекулира дека авторот не сакал пари за песната, само побарал да биде дел од албум на Проески.

Сепак има уште една приказна. Во овој случај, исто станува збор за затвореник, но осуден за грабеж на банка, кој песната и ја посветил на својата девојка.

Прочитајте го текстото уште еднаш и одлучете накоја приказна повеќе и одговора.

(Видео) Тамара Грујеска заврши на 12-тото место на детската евровизија

Македонската претставничка на детската евровизија, Тамара Грујеска, во Ница, Франција, се пласира на 12-тото место.

Франција втортпат по ред победи на музичкото натпреварување, овој пат со Зое Клозир и песната Coeur („Срце“).

Шпанија заврши на второто место, а Ерменија на третото.

(Видео) Последната песна на „Битлси“ излегува во ноември

Цели 53 години по расформирањето, славниот британски бенд „Битлси“ се враќа во ноември со песна снимена со помош на вештачка интелигенција, која го извлече вокалот на Џон Ленон од стара снимка и на тој начин практично повторно ја обедини легендарната четворка.

Употребата на вештачка интелигенција овозможи миксирање песна преземена од демо-снимка на Џон Ленон. Во оригиналното демо беа додадени снимките на електрична и акустична гитара од Џорџ Харисон од 1995 година, пред неговата смрт во 2001 година. Песната беше завршена минатата година во студио во Лос Анџелес со мешање на тапаните на Ринго Стар, пијаното и басот на Пол Макартни.

Двајцата преживеани членови на бендот, Пол Макартни и Ринго Стар, во четвртокот најавија дека новата нумера Now and Then („Сега и тогаш“) ќе биде објавена на 2 ноември.

Песната е создадена врз основа на демо-снимка што Ленон ја направил во својот стан во Њујорк. Четиринаесет години по убиството на Ленон (1980), неговата сопруга Јоко Оно им подари на другите членови на бендот снимка на вокал и пијано.

Подоцна тие ја обработија, но никогаш не можеа да ја објават бидејќи досегашната технологија не дозволуваше гласот на Џон Ленон да се истакне со задоволителен квалитет. Ова сега е возможно, а беше поттикнато од документарната серија Get Back во режија на Питер Џексон (2021).

Режисерот на трилогијата „Господарот на прстените“ користел нова технологија за да го извлече гласот на Ленон од аудиолентата и да го одвои од пијаното.

Прогласени најдобрите албуми во историјата на жанрот

Оваа година се навршуваат 50 години од создавањето на хип-хопот, а популарниот музички портал Consequence of Sound по овој повод ги објави 50-те најдобри хип-хоп албуми на сите времиња.

На врвот на листата се најде современиот класик To Pimp a Butterfly на Кендрик Ламар.

„Кендрик Ламар брзо се етаблира како еден од најважните гласови на својата генерација, со неговиот трет студиски албум To Pimp a Butterfly на кој се наоѓа црнечка протестна песна која ги дефинира последниве години – тоа е песната Alright,“ наведено е во објаснувањето за изборот.

„Излегувајќи непосредно пред почетокот на хаотичната кандидатура на Трамп, има моќ да донесе пофалби за доброто што се случува во животoт на црнците, како и незадоволство од системите кои секојдневно ги изневеруваат. Среде демонстрациите кои бараа одговори за Сандра Бланд, Филандо Кастил и разни други полициски убиства, Аllright беше спасот што нè однесе низ тешките времиња – но тоа не ја дискредитира силата на остатокот од албумот,“ го објаснуваат изборот и додаваат: „Секоја генерација има право на свој најголем хип-хоп албум, а овој е наш“.

На второ место се најде легендарниот албум The Miseducation of Lauryn Hill на пејачката Лорин Хил, а потоа следува It Takes a Nation of Millions to Hold Us Back на пионерите на овој жанр, бендот „Паблик енеми“.

Во првите 10 се Supa Dupa Fly на раперката Миси Елиот, класикот Enter the Wu-Tang (36 Chambers) на бендот „Ву-танг клан“, Stankonia на бендот „Ауткест“, Reasonable Doubt на раперот Џеј Зи, The Low End Theory од A Tribe на бендот „Трајб колд квест“, „2001“ на Др. Дреј и My Beautiful Dark Twisted Fantasy на Канје Вест

Популарно