(ВИДЕО) Чекала на аеродром кога на вести забележала дека е барана поради убиство

Сосема обични патници се нашле во една несреќна ситуација, кога одеднаш сфатиле дека полицијата ги бара за убиство.  Секако, се работи за феноменално осмислена шега на една светски позната компанија.  Погледнете го видеото…

На едноставен начин откријте дали ви се судени многу пари!

Од секоја буква произлегува број, а кога ќе ги соберете добивате едноцифрен број и ќе откриете што ве чека 

Дали знаете дека вшето име и презиме можат да ви го одредат животниот пат? Можеби токму тоа е причина за мала заработувачка. Од секоја буква произлегува број, а кога ќе ги соберете добивате едноцифрен број и ќе откриете што ве чека.

Како да пресметате: Прво напишете ги вашето име и презиме, па во низата подолу пронајдете го бројот кој одговара на секоја буква. Соберете ги броевите од името и презимето одвоени, а потоа соберете ги тие два броја. Собирајте додека не добиете едноцифрен број.

1 = А, Ф, Н, В

2 = Б, Г, Њ, З

3 = Ц,Х, О, Ж

4 = Ч, И, П

5 = Ќ, Ј, Р

6 = Д, К, С

7 = Џ, Л, Ш

8 = Ѓ, Љ, Т

9 = Е, М, У

Пример:

Јована Митковска 

Јована: 5+3+1+1+1+1 = 12 = 1+2 = 3

Митковска: 9+4+8=6+3+1+6+6+1= 44 = 4+4 = 8

Вкупно: 3+8 = 11 = 1+1 = 2 

Резултати:

1. Единиците настојуваат секогаш да бидат први. Се трудат совршено да ја извршуваат својата работа, бидејќи од тоа зависи нивното самопочитување. Работодавачите многу ги цената луѓето со број 1. Повеќе ги интересира самата работа отколку стекнувањето капитал. 

2. Двојките секогаш до себе имаат партнери кои им помагаат да дојдат до пари. Нивните партнери или ги издржуваат или ги вработуваат или им обезбедуваат услови за реализација на своите деловни потенцијали. Способноста на Двојките најмногу доаѓа до израз во тим, па така тие најмногу ќе заработуваат и напредуваат како тим. 

3. Тројките многу ги сакаат парите, но до нив доаѓаат само кога ќе им тргне од рака бизнисот да го поврзат со својата голема потреба да се забавуваат. Без талент и среќа, Тројките живеат од споредни, несигурни заработки. Богатството ќе го стекнат само ако имаат вистински талент или луда среќа. 

4. Четворките до ништо во животот не стигнуваат лесно. Мораат да вложуваат многу напори за секој успех. Тие мора да одбиваат работи кои вистински ги привлекуваат поради сигурни и подобро платени работи. Четворките се големи работници. Нивниот успех секогаш ќе биде оправдан и заслужен, но судбината, за жал, не ги наградува секој пат.

5. Петките се опуштени личности, па најголемите заработувачки ги чекаат на патувањата и во странство. Петките лесно ја менуваат дејноста, па никогаш нема да бидат сиромашни. Имаат многу таленти кои добро се плаќаат.

6. Шеската бара истомисленици и поврзаност. Затоа најчесто успесите ќе ги постигнуваат низ семејниот бизнис, а ако се занимаваат со некоја креативна работа, тогаш низ ко-авторство. Парадоксот на Шеската е во тоа дека што повеќе даваат, толку повеќе имаат, па ако не успеат да работата во заедница, може да се случи целиот живот да го поминат во сиромаштија.

7. Главна особина на Седмицата е аналитичност. Финансиите не ги интересираат премногу. Во состојба се да работата само за идеи. Ќе ја жртвуваат благосостојбата за да се занимаваат со нешто што навистина го сакаат и во тоа веруваат.

8. Осмиците секогаш тежнеат кон материјални и конкретни резултати. Ним им е најважно да е добро платено она што го работат. Никогаш ништо не работат од чист ентузијазам, бидејќи работа заради работа воопшто не ги привлекува. Целиот живот можат да работат нешто што суштински не ги интересира само ако е добро платено.

9. Од една страна Деветките, тежнеат за работа која ќе има глобално влијание и помош кои ќе можат да го усреќат целото човештво, а од друга страна тежнеат таквата дејност да им донесе брз, лесен и голем профит.

Во виенското метро, бесплатен дезодоранс против жештините

За попријатно летно возење со виенското метро, градското сообраќајно претпријатие „Виенски линии” деновиве на патниците ќе им подели над 14.000 бесплатни стик дезодоранси.

Подземната линија У-6 на некои делници вози и над земјата, па вагоните многу брзо се загреваат. Засега само половина од возовите од таа линија се климатизирани, па престојот во останатите за многумина е прилично непријатен.

Додека трае обновувањето на опремата, и додека сите возови не бидат климатизрани, на патниците им се препорачува користење дезодоранс.

Главниот град на Австрија годинава прославува 40 години од пуштањето на подземната железница во употреба. Виенската мрежа денес има пет линии, 109 станици, а само во 2017 година се нотирани 450 милиони патници.

ВИДЕО: Кое е новото име на Македонија?

Прашање во турската популарна емисија „Кој сака да биде милионер“ се однесуваше на новото име на Македонија.

21 годишната Сием Диес Темелоглу на прашањето за 15 илјади турски лири кое гласеше „Поранешна Република Македонија која со години има проблем со името со Грција по долго време дојдоа до договор. Кое е новото име? Под А) Горна Македонија под Б) Долна Македонија под Ц) Северна Македонија и под Д) Јужна Македонија’’

Темелоглу побара помош од пријател кој ѝ го кажа одговорот под Ц) Горна Македонија по што беше елиминирана.

Популарно