Ако таа ви го каже ова по секс, ве ЛАЖЕ

Мажите почесто лажа пред секс, а жените по чинот. Ова се најчестите женски лаги:

„Ова беше најдобриот секс досега“

Некогаш можеби и е. Но, во поголемиот дел од случаите едноставно може да биде само задоволувачки. Нема потреба секогаш да се глуми воодушевување.

„Да, секако, доживеав оргазам“

За жал, поголемиот дел од жените не сакаат да го разочараат партнерот па често лажат дека имале оргазам. Најдобро е да му кажете на партнерот што најмногу ве задоволува за истиот да го доживеете наместо постојано да се глуми.

„Ништо нема да се промени меѓу нас“

Ова посебно важи за сите оние пријатели кои се впуштиле во сексуални односи мислејќи дека тоа нема да го промени нивниот однос. Но, не треба да бидете сигурни дека ова е точно.

„Не, не се засрамив, тотално сум кул“

Жената секогаш се срами од чудните звуци кои ги произведува нејзиното тело за време на односи, но нема да го признае тоа.

„Да, би сакала да имаме секс, веднаш“

Жената секогаш прво ќе сака малку предигра, иако може да не ви го каже тоа.

Кога жената е „полудена“ во креветот: Се за женската ејакулација и „сквиртингот“

Едно ново истражување се обидува конечно да го разјасни овој феномен и истакнува еден заклучок: многумина ја дефинираат женската ејакулација неточно. Во суштина ние користиме еден термин за да објасниме два сосема различни процеси кои се случуваат за време на секс.

Овие два процеси се познати како „женска ејакулација“ и „сквиртинг“ (squirt - прска, избива во мраз, шприца), се објаснува во истражувањето објавено од страна на Семјуел Салама од Одделот за гинекологија и акушерство од болницата Приве во Франција. Салама и многу други истражувачи велат дека женската ејакулација и свиртингот вклучуваат различни течности кои потекнуваат од различни делови од телото кои се испуштаат за време на екстремна возбуда. 

Женската ејакулација се опишува како течност која се испушта во мали количества од жлезда која се нарекува женската простата. Да, некои жени имаат простата и се наоѓа во близина на долниот крај на уретрата. Овој флуид создава додатна лубрикација за време на секс, но тоа не е доволно течност за да ги намокри чаршавите.

Свиртингот од друга страна подразбира поголемо количество на течност која се испушта од бешиката. Токму така тоа е воденкаста урина. „На француски велиме ‘femme fontaine’ или „жена фонтана“, вели Салама, бидејќи течноста блика како фонтана“. Тоа е тоа што го гледаме во порно филмовите.

Во истражувањето Салама и неговите колеги користеле ултразвук за да докажат дека за време на сексуална стимулација бешиката на испитаниците се полнела со течност а потоа се празнела за време на сквиртингот. Салама ја тестирал течноста и открил дека има ист состав како урината. 

Па, колку жени искусуват женска ејакулација и/или сквиртинг? Никој не знае точно, но екпертите претпоставуваат дека некаде од 10 до 54 проценти од жените се способни да направат барем едно од двете нешта. Се работи за анатомија, исто како што некои луѓе можат да мрдаат со ушите или да кренат една веѓа така некои жени можат ејакулираат. На некои жени им доаѓа природно, некои треба да вежбаат за да успеат, а некои никогаш нема да можат да го постигнат тоа. 

Ако ви се случи да ејакулирате или да сквиртате за време на секс уживајте во тоа. Ако не, не грижете се. Не постои наратив кој може да одреди што треба да се случува за време на сексот.

Чудна професија: Место за секс мажите и плаќаат за...

Таа тврди дека мажите сакаат да ги понижува и за тоа ѝ плаќаат пари. Ава од Австралија е “финансиска домино дама”, која живее раскошен живот, кој мажите, нејзините клиенти со задоволство го финансираат и не очекуваат интимност за возврат.

Вели дека на тие мажи им е доволно да ја гледаат и да бидат понижени, односно дека тоа им е подобро од секс каде ќе ги деградира како богата љубовница.

Ава од Сиднеј за состанок лице в лице ја наплаќаат 300 австралиски долари, за разговор од 15 до 20 минути по пат на Интернет 50 долари и 100 долари за термин на Скајп.

-Поголемиот дел од моите клиенти не сакаат секс со мене, бидејќи се чувствуваат недостојни, па не би било во ред. На овој начин им е повеќе возбудливо и благодарни ми се за тоа, кога ќе ги удрам на лице или плукнам, вели Ава за Дејли Меил.

Таа повеќе од 10 години работела малопродажба и угостителство, но поради недостаток на пари започнала да ги продава чорапите и долната облека на Интернет. Набрзо сфатила дека сè повеќе мажи ѝ нудат пари без посебна причина.

-Возрасните мажи започнаа да доаѓаат во мојата куќа со стотина долари за да платат да седат со мене, пијат вино и да слушаат како вербално ги напаѓам, вели таа.

Додава дека некои од мажите сакаат со неа да се сретнат пред банкомат за да ѝ дадат пари, повторно без некои поголеми очекувања, освен да бидат понижени, па одлучила да ја напушти работата. Сосема се посветила на новата “професија”, па сега живее од парите или подарок картичките од таквите мажи.

Некои клиенти уживаат во тоа да ѝ купуваат подароци, а оние кои сакаат лично да ја запознаат поминуваат низ строга процедура. Ако ѝ се допаднат таа ќе одвои време за нив.

Ава истакнува дека за неколку недели заработила илјади долари, но признава дека се случува и тоа да нема никаква заработка.

Далил смеете да ги чувате кондомите во паричник?

Иако уште одамна се верува дека се знае се за кондомите, многу луѓе и понатаму веруваат во митовите за презервативите.

1. Ако ставите лубрикант на кондомите, ќе го спречите неговото пукање

Лубрикантите на база на масло и петролеј всушност можат да го оштетат кондомот.

2. Кондомот штити од сите полово преносливи болести

Кондомите не штитат целосно од гениталниот херпес, ХПВ, сифилис и срамните вошки. Презервативот не е доволна заштита ни за гениталниот херпес и оралниот херпес, за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и по полов пат. Ако имате ХПВ или херпес може да поминат години без да се појават никакви симптоми и да не знаете дека сте болни, а притоа  да му ја пренесете болеста на партнерот.

3. Ако сте алергични на латекс, не можете да користите кондоми

Можете да користите кондоми направени од полиуретан и полиизопрен.

4. Можете да ги чувате кондомите во паричник

Ако чувате пакетче кондоми во паричник подолго време, може да се оштети материјалот од кој е направен презервативот и да се создадат ситни дупчиња на него.

5. Ако користете два кондома одеднаш, ќе ја зголемите заштитата

Користењето два кондома одеднаш, всушност ја намалува заштита, бидејќи се создава поголемо триење и поголема шанса презервативот да пукне.

Популарно