Славната спортистка призна дека била жртва на нејзиниот татко, најновите детали за насилството се морбидни

Јелена Докиќ,  тенисерката со српско потекло која имаше највисок пласман како четвртопласирана тенисерка на ВТА листата, по потресното откривање за јавноста во врска со малтретирањето од страна на  нејзиниот татко, таа обелодени уште една разочарувачка информација.

Тоа што таа го преживувала од нејзиниот татко е надвор од сите нормалности на родителството.

И покрај тоа што на 17 години ја малтретирал, ја тепал, фрлал со се што ќе му дојде при рака, ја кубел за косата, тоа за насилникот не било доволно.

Сега се објавени и најшокантните информации. Во полуфиналето на Вимблдон, по поразот од Линдзи Девенпорт, татко и влегол во соблекувалната и почнал да ја навредува, да ја клоца и шутира. Рекол да не се враќа во хотелот, во кој било сместено целото семејство зошто “лошо ќе помине“. На крај, таа преплашена морала да спие во соблекувалната на Вимблдон, но благодарение на тоа што некој од менаџерите на тенисерите стапиле во контакт со нејзиниот менаџер, тој дошол и ја однесол во хотел.

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот до крајот на сезоната своите натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Соопштението кое е објавено на социјалните мрежи на клубот ви го пренесуваме во целост.

„Поради потценувачкиот однос на ПУИГ кон Вардар, нашиот клуб до крајот на оваа сезона нема да настапи на Градскиот стадион во Скопје. И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.

Ние ниту го создадовме, ниту го продлабочивме долгот на Вардар, а згора на тоа континуирано се трудиме истиот да го намалиме. Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!

Вашите имиња ќе стојат засекогаш на столбот на срамот, во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно.

За крај, би сакале да Ви порачаме дека Вардар вам ништо не ви должи. Од денес вие сте тие кои должите. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини!

Вардарци, наши верни навивачи, утре го играме најважниот натпревар. На нашите фудбалери им е потребна поддршка повеќе од било кога. Затоа, масовното присуство на стадионот ,,Борис Трајковски” е неопходно за победа!“,објави Вардар.

Познати се ривалите на Македонија на ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе настапи на Европското првенство оваа година. Откако на претходното бевме еден од домаќините, овојпат нашите девојки се пласираа на континенталниот собир преку квалификациите. Македонија ривалките за ова натпреварување ги дочекаа од третиот шешир. 

Европската ракометна федерација ја одржа ждрепката за групната фаза на ова натпреварување во своето седиште во Виена. 

Среќата не посака и Македонија влета во групата А, каде што ќе се натпреварува против Шведска, Унгарија и Турција.

Европскиот шампионат ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември оваа година. Домаќини ќе бидат три градови, швајцарски Базел, австриски Инсбрук и унгарски Дебрецин. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Дебрецин во Унгарија.

Почина освојувачот на првиот ракометен Куп на Македонија!

На 22.03.2024, во 85-тата година од животот почина една од легендите на македонскиот ракомет, кој како играч, тренер и спортски работник ја пренесе љубовта кон спортот и вистинските вредности на многу генерации. 

Дејан Мариќ е роден на 28.06.1939 во Соколац, Босна и Херцеговина (Југославија).

Својата играчка кариера ја започнува во Раднички Горажде, продолжува во Куманово и Работнички од Скопје со кој неколку сезони играл во најдобрата прва Југословенска лига.

Се образува на Вишата Фискултурна школа во Скопје каде е дел од првата генерација, а високото образование го завршува на Факултетот за Физичка Култура во Сараево. 

Тренерската кариера Дејан Мариќ ја започнува 1959 во Куманово, каде е и еден од основачите на клубот, а ги тренирал и  Работнички, Борац Урошевац, Божур Гњилање, Кале Скопје, Мајданпек Србија, Крива Паланка, Шевро Куманово...

Професор во Градежно-Машински Училишен Центар (ГМЦУ) во Скопје, како и во Средното музичко училиште Илија Николовски-Луј, каде што и се пензионира.

Бил тренер на многу прволигашки играчи во Југославија и Македонија, како и репрезентативци на двете држави кои оставиле траг на ракометот на овие простори меѓу кои:  Љубимир Савевски, Касим Каменица, Гино Стрезовски, Драган Маринковиќ, Ацо Станковски, Панче Брдаров, Савчиќ, Меѓедовиќ, Томовиќ, Вучковиќ, Речица...

Во 1993 година како тренер на Шевро Куманово го освојува првиот ракометен куп на независна Република Македонија.. Во финалето Куманово го совладува тимот на Металург од Скопје.

Последните години од својот живот ги поминува во Куманово, каде е и погребан на градските гробишта. 

Слава му

Популарно