Зошто ве боли за време на секс?

Болката при сексуален однос е  многу чест проблем, сепак многу малку жени се осмелуваат да зборуваат за проблемите поврзани со нивното сексуално здравје. Тоа би требало да се промени. Првиот чекор што можете да го направите е да се информирате. Ова се најчестите 9 причини зошто чувствувате болка за време на сексуалните односи…

1. Сувост

Најчестата причина што предизвикува болка за време на сексот е сувоста. Ако предиграта не трае доволно долго или имате природно сува вагина, сексот може да биде непријатен и болен. Во овој случај најдобро е да користите лубриканти на природна база.

2. Инфекции и болести

Инфекциите како генитален херпес, трихомонијаза и габична инфекција можат да предизвикаат многу непријатни проблеми во пределот на гениталиите. Тие се многу чести и затоа важно е да имате заштитени сексуални односи и редовно да одите на гинеколошки преглед.

3. Ендометриоза

Ендометриозата се јавува кога ткивото на матката расте и ги зафаќа другите делови од телото, како што се јајчниците и јајцеводите. Многу е болна и голем број жени се соочуваат со овој проблем. Лековите против болка и хормонските терапии можат да помогнат во овој случај.

4. Воспаление на карлицата

Воспалението на карлицата лесно се лекува со антибиотици, но предизвикува големи проблеми. Се случува кога бактериите, кои најчесто се последица на сексуално преносливи болести, патуваат низ вагината до матката. Во таква ситуација, сексот воопшто не е забавен.

5. Психички и емоционални проблеми

Анксиозноста, депресијата и стравот не се физички болести, но можат да остават негативни последици на телото. Емоциите играат голема улога во сексуалните односи и можат да бидат причинители на сексуална болка.

6. Интерстицијален цистит

Станува збор за воспаление на мочниот меур кое предизвикува големи болки. Доколку некогаш сте имале проблем со вакво воспаление, сигурно знаете дека сексот е многу болен особено при подлабока пенетрација.

7. Вагинализам

Вагинализмот претставува посебна состојба на стегање на вагиналните мускули за време на пенетрација, што го прави сексот многу болен. Сепак, постојат одредени третмани кои можат да ви помогнат да се справите со овој проблем и конечно да искусите сексуален живот полн со возбуда и страст.

8. Проблеми со дигестивниот систем

Кога ќе се спомене дигестивниот систем, сигурно сексот не е првото нешто што ви паѓа на памет. Но, ваквите проблеми го нарушуваат вашиот менструален циклус и предизвикуваат болки во карличниот предел. Освен тоа, за време на сексот можно е да почувствувате притисок на стомакот, што предизвикува болка и го намалува сексуалното задоволство.

9. Вонматерична бременост

Кај вонматеричната бременост доаѓа до всадување на ембрионот надвор од матката, најчесто во јајцеводот. Оваа состојба не само што предизвикува болка за време на сексот, туку е и многу опасна. Доколку се сомневате дека постои можност за вакво нешто, веднаш побарајте лекарска помош.

Ако вие сте една од многуте жени кои страдаат за време на сексот, нема потреба да минувате низ тоа сами и да молчите. Нема од што да се срамите, треба само да побарате помош од вашиот лекар. Заслужувате да имате прекрасен сексуален живот и можете да го постигнете доколку се информирате доволно и се обратите на вистинското место.

Лоши вести за мажите: Со годините вашата „гордост“ се намалува, а нејзината вагина...

Промените на телото се неодминлива реалност, а тука не се заобиколени ниту половите органи кај мажите и кај жените. Но, она што можеби помалку го знаеме, а предизвикува поголем интерес се промените во половите органи. Секс нагонот на мажите со текот на годините се намалува, додека жените како што стареат така стануваат сè попалави во однос. Причината за оваа појава се крие во зголемувањето, односно намалувањето во нивните полови органи.

Тестиси

Во периодот од 40-тата до 60-тата година од животот тестисите се намалуваат во просек од 3 на 2 см. Сосема нормална појава што се должи на намаленото производство на сперма. Сепак, намалувањето не ретко резултира со обесени тестиси кои може да направат проблем при седнување доколку не се носи вистинската облека.

Пенис

Болен, но вистинит факт за мажите. Како стареат нивниот пенис станува сè помал. Големината може да се намали и до 3 см до крајот на животот. Намалувањето се случува поради помалата циркулација на крв низ половиот орган. Затоа на постарите мажи им е потребна поголема стимулација за да постигнат ерекција.

Клиторис

За разлика од посилниот пол, жените се вистински среќнички во овој поглед. Како стареат клиторисот им станува сè поголем. Откако ќе излезат од пубертет големината ќе им се зголеми 2 пати, до 32-та година 4 пати додека по менопаузата 7 пати. Интересно е да се забележи дека во клиторисот се наоѓаат 8000 нервни завршетоци, што е дупло повеќе од завршетоците кои можат да се најдат во пенисот.

Зошто таа не доживува оргазам?

Веќе знаеме дека жените не можат да доживеат оргазам како мажите лесно...

Причината зошто жените потешко доживуваат оргазам е лична, односно причината е во самите жени.

„Тие толку водат сметка за своето тело, изгледот, влакната, стриите и целулитот. Тоа е голем проблем, затоа што критикувањето на своето тело е најголемата пречка до целосно сексуално задоволство кај жените“, открива Емили за Huffinger Post.

Жените премногу внимание обраќаат на „недостатоците“ на телото, кои мажите главно и не ги забележуваат, па поради тоа мислите им се на друго место, па сами се доведуваат до ситуација оргазмот да бидфе невозможен.

Анастасија го убила момчето за време на секс

Млада Русинка (21) е приведена по признание дека го масакрирала безживотното тело на својот партнер.

Анастасија О. е обвинета дека го убила своето момче, Димитриј С. (24), поранешен припадник на војската и полциијата во градот Орел во западна Русија.

Таа одрекува дека го убила, но признава дека го пронашла неоговото безживотно тело и дека во напад на паника да не биде обвинета за убиство, одлучила да го распарчи телото.

Полицијата има теорија дека момчето можеби починало за време на секс игри, пренесоа локалните медиуми.

Соседите на овој пар изјавиле дека тие често правеле оргии.

Телото на несреќното момче кое работело како бармен го пронашла сестрата на обвинетата, која повикала полиција.

Популарно