Македонец на печалба во Катар: Животот тука е...

24 годишниот Филип Штаклев од Скопје веќе три години работи во една од најбогатите земји на светот.

Штаклев по вокација е геодет со завршено средно стручно училиште, но во Катар работи нешто сосема друго. Вели дека во Катар е лесно да се најде работа, може да се напредува, а катарските работодавци иако звчу расистички, сепак сакаат бели луѓе, односно оние работници кои потекнуваат од Европа за нив се кадар кој сакаат да го задржат.

Скоро 3 години сум тука, лета времето, како вчера да беше кога дојдов и бев цел збунет. Работам во хотел Ritz Carlton, започнав како спасител на плажа, а скоро бев унапреден во „Агент за гости”.Да бидам искрен не ми беше воопшто планирано, тогаш одев во средно сèуште. Бев неколку месеци пред завршување, а понудата ја добив од Црвен Крст на Македонија. Дојдов заради промена, искуство и нормално повисока заработка – вели Штаклев.

Овој млад човек вели дека може солидно да се работи во Катар, со оглед на тоа што платите се од 600 евра па нагоре.

Зависно од која позиција од 600евра па нагоре, со оглед на тоа што сè е платено од компанијата. Тука според закон компанијата која те повлекува мора да ти обезбеди сместување, превоз од и до работа, храна и авионска карта. Ценат услуга за тоа најдобро знам затоа што работам во хотел.

На сопствениците и менаџерите им е многу важно гостинот да замине среќен од хотелот, па затоа и имаме редовни тренинзи за услуга и комуникација со VIP гости. Искрено многу е поразлично од нашиот менталитет и тоа како ние живееме, но сепак би ги советувал сите што имаат можност да дојдат и да искусат нешто поразлично и да стекнат ново искуство во животот – раскажува Штаклев.

Засега немa точно дефинирани планови каде себе си се гледа во иднина, дали ќе се врати во земјава или останува во странство.

„Многу пати сум размислувал на таа тема кога ке ме фати носталгија за дома, но сепак во скоро време не ми е во план да се вратам за понатаму ке видиме како ке се одвиваат работите“ – вели тој.

Во споредба со другите арапски земји, Катар со години е во многу подобра економска состојба, а тоа се гледа и со ниската стапка на невработеност која достигнуваше и до 0.4%, или 0.6%.

Во вториот квартал од 2017 година невработеноста им е 0.10%.

Ова е најдобриот авомобил во Европа за 2018 година!

Во конкуренција помеѓу 6 финалисти, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross го однесе трофејот Autobest 2018 за « Best Buy Car of Europe 2018».

Од 2001, Autobest секоја година наградува автомобил кој ќе добие најмногу гласови. Гласањето е спроведено од страна на 31 специјализирани автомобилски новинари од 31 европска држава, оценувани врз база на 13 критериуми меѓу кои: сооднос квалитет - цена, дизајн, комфор и технологии како и квалитетот на услугите, расположивоста на резервни делови во целата мрежа.

Како што Citroën C3 беше избран во 2003 од страна на Autobest, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross се истакна над конкурентите и се наметна на ова седумнаесетто издание на доделување на награди, благодарение на оригиналниот изглед, неговиот силен и моќен карактер и свежината што ја донесува во сегментот.

Новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross е претставник на светската офанзива на марката со веќе заведени повеќе од 30.000 нарачки во Европа. Ги воодушевува клиентите со пространоста, генијалноста , модуларноста и осветленоста. Избор од 90 комбинации на персонализација со пет нивоа на опременост во внатрешноста. Инспириран од очекувањата на клиентите, овој "people minded" SUV се отвора кон надворешноста со неговиот подвижен панорамски застаклен покрив. Носител на програмата « Citroën Advanced Comfort® », C3 Aircross ве кани на неповторливо ужување во возењето. За истакнување на авантуристичкиот дух во понудата се наоѓа и функцијата  Grip Control ® со Hill Assist Descent. За максимална удобност и сигурност, располага со 12 модерни технологии за помош во возењето, 4 технологии на поврзаност од кадешто произлегуваат и 5-те ѕвезди од тестовите Euro NCAP.

« Честитки до Линда Џексон и до целата нејзина екипа која ја заслужува наградата AUTOBEST 2018! Во една голема конкуренција, C3 Aircross  се истакна како вистински шампион и ја убеди жири комисијата дека е најдобар избор за автомобил за оваа година. Ова е уште една нова победа за овој SUV. Овој избор е доказ дека жирито ги следи промените на пазарот и новите модерни текови, со формулирање на препорака за европските корисници за купување на автомобил на утрешницата! », изјави Илија Селиктар, претседател на жири комисијата.

Со 426.000 регистрирани возила во Европа во првото полугодие од 2017, Citroën го постигна својот рекорд од последните 6 години и заведе прогресија од +5,6% во споредба со истиот период во 2016. Една година по новиот C3, bestseller во гамата на  Citroën, кој запиша повеќе од 230.000 продажби од неговот лансирање, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross ги следи истите текови на Citroën. 

Згодна студентка од Велес: На Миконос заработив 30.000 евра за 3 месеци

“Заедно со моите две колешки од факултет 2015 година летото отидовме на Миконос 3 месеци, не договори агент Грк кој преку посредничка од Скопје договара млади студентки од Македонија да работат на најпознатиот грчки остров. Младата девојка ни пристапи на Фејсбук со комплименти за тоа колку сме убави и ни понуди работа како хостеси и промотерки во познатите елитни клубови на Миконос. По пристапот на Фејсбук, девојката ни договори интервју со менаџерот на клубот каде што работевме. За два дена девојката ни договори интервју, тој дојде со авион во Скопје и во едно елитно место во периферијата на градот имавме вечера-интервју каде што тој ни остави одличен впечаток за работното место.

Со нудењето на сериозна сума на пари како неделен надоместок за работата и покриените трошоци прифативме и се решивме да тргнеме за Миконос со организиран превоз, лет од Солун до Атина-Миконос. Стигнавме, островот е магичен. Првпат се почувствував слободна и исполнета. Првите 4 дена додека се прилагодивме не одевме на работа. Не сместија во мала вила на високо место каде од балконот малку се гледаше морето. Бевме радосни што ќе заработиме, а сме на одмор. Тие денови ги искористивме максимално за уживање. Бевме на прекрасните плажи кои ги има островот, нормално не шеташе Гркот кој не вработи.

Почнавме со работа, работевме како промотерки на елитниот клуб преку ден, а навечер бевме хостеси и ги сместувавме гостите. Работата не беше тешка, беше забавна и имавме време за плажа, одмор и секако навечер одлична забава со големи музички ѕвезди кои гостуваа во клубот. Заработувавме добро, скоро сите пари ни остануваа бидејќи трошоците ни беа покриени. Една вечер, доцна беше веќе почнуваше да се разденува, Гркот ме запраша дали би работела и 4-та смена… го запрашав што значи тоа? Тој ми објасни дека ако сакам може да отидеме со неговите пријатели на утринско едрење со нивната јахта која е во близина, нормално со повеќе луѓе да се забавуваме. Јас во еуфорија и со испиени неколку коктели прифатив. Отидовме, и вистина поминавме прекрасно. Имаше многу добри луѓе на забавата на јахта која продолжи до 5 попладне другиот ден.

Се вративме назад и отидов да одмарам во вилата. Вечерта околу два по полноќ кога се сретнав во гркот после краток разговор ми даде 400 евра за тоа што сум присуствувала на забавата?! Го запрашав зошто?!

Тој ми кажа дека неговите пријатели биле многу богати и дарежливи луѓе кои сакаат да се забавуваат и имаат огромен респект кон жените кои се дружат со нив и сакаат да ги прават среќни. Јас бев зачудена не знаев дали да ги прифатам парите… но, сепак пари ми требаа и во тој момент ги прифатив. По еден час Гркот ме покани повторно со неговите пријатели на друга забава во нивната вила која е на другиот крај на островот. Ми кажа дека од клубот ќе тргнат десетина коли и забавата ќе продолжи таму.

Таму ќе дојде DJ-от кој е голема ѕвезда- ми кажа тој. Прифатив. Тргнавме лудо, дузина коли сите скапи коли. Џипови, кабриолети и лимузини. Пиевме скапи пијалоци по пат. Стигнавме во вилата која може да се каже дека беше голема колку клубот.

Имаше голем базен и започна afterparty. Се забавуваме пак до другиот ден. Останав таму до вечерта. Не отидов на работа, а заработив многу пати повеќе од тоа што ми носеше првичната работа. Гркот ми даде 500 евра и започна мојата нова работа. Тоа лето заработив над 30.000 евра.”

Што ви треба за да ја имате секоја жена?

Најновото истражување, спроведено на Универзитетот во Квинследн, Австралија, на 160 жени, при кое биле  покажани фотографии од мажи и ги прашале кој од нив им е најпривлечен. Се испоставило дека модерните жени најмногу ги привлекуваат мажи кои се силни, мускулести и високи (барем 180 сантиметри), но имаат „baby face“.

Освен мускули, како важен фактор се покажала и висината, но не во толкава мера како силата. Исто така, жените повеќе ги привелкуваат мажите кои имаат потемна боја на косата.

Ниту една жена не покажала статистички значителна склоност кон мажи кои физички изгледале послабо, пишува „Дејли мејл“.

– Ефектот на висината и силата на атранткивноста може да се објасни со подсвесна желба жената покрај себе да има маж кој е здрав, силен и физички способен, велат истражувачите и додаваат дека случајот е ист и кај сите други цицачи, не само кај човековиот вид.

Популарно