(ВИДЕО) И Мерлин сигурно ќе биде воодушевен: Марко Бошњак повторно ја изненади публиката - маестрална изведба на најголемиот хит

Марко Бошњак е детето кое никого не остава рамнодушен - дете со ангелски глас, на публиката стана познат и како победник на регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“. 

Чудо од дете, така сите го нарекоа за време на музичкото натпреварување, повторно позитивно ја изненади публиката.

Во студиотот на Амил Лој ја сними во живо песната „ Да је туга сњег“, големиот хит на Дино Мерлин. 

Веруваме дека ќе уживате во преубавата интерпретација на малиот Бошњак.

(ФОТО) Пејачот ретко го гледаме со сопругата - се појавиле заедно, а во салата сите гледале во неа

Сергеј Четковиќ веќе долги години е во брак со сопругата Кристина. Но, за разлика од многу свои колеги него не можеме често да го видиме во јавноста заедно со сопругата.

Сепак, тие заедно се појавија на театарска претстава во Белград.

Конечно јавноста можеше да биде сведок на убавината и стилот на Кристина.

Погледнете:

(ФОТО) Во страствен бакнеж со сопругот, Благица Павловска не крие дека е заљубена

Благица и нејзиниот сакан постојано се, како што вели таа, на „љубовен пат“, често патуваат и уживаат во љубовта.

По многуте животни удари, пејачката Благица Павловска го пронајде внатрешниот мир.

Таа не се штеди преку социјалните мрежи на сите да им покаже дека во љубовта најпосле и цветаат ружи, па затоа нема што да крие кога е љубовта во прашање, пишува Вистина.мк.

Благица и нејзиниот сакан постојано се, како што вели таа, на „љубовен пат“, често патуваат и уживаат во љубовта.

-Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно, не пропушта да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале, пренесе Вистина.мк.

ВИДЕО: Сите настапи на Тоше на „Златна бубамара“

За неколку дена Макеоднија ќе ужива во „Златна бубамара 2018“, дотогаш да се потсетиме на сите настапи на Тоше на манифестацијата.

Тоше Проески беше редовен гостин на музичката манифестација „Златна Бубамара“. Во неговата огромна колекција награди имаше и неколку златни бубамари, добиени во категоријата за најдобар пејач, најдобар албум, за хит на „Радио Бубамара“…

Видеото од 18 минути е ретроспектива од сите настапи на Проески на оваа манифестација.

Популарно