Женет политичар починал сред секс во автомобил со љубовницата

Р.С (55) од Прњавор починал во својот автомобил на локалниот пат покрај реката Укрина близу до градот од последица на срцев удар во момент додека бил во прегратка со две години помлада љубовница Д.Л која го пријавила овој шокантен случај.

Мажот имал сопруга и две деца, а жената со која била во автомобил била вдовица. Таа доживеала шок и се обидела да му помогне на љубовникот.

– Сирота жена не знаела од кој причини нејзиниот љубовник мјаукнал, но станала свесна за несреќата откако тој останал неподвижен, не давајќи знаци на живот – вели извор упатен во случајот.

Жителот Бојан Н. рекол дека, околу 18 часот, на вратата затропала уплашена и расплакана жена, која рече се плаши дека сопругот и починал во автомобилот.

– Пред да дојде полицијата, на мој повик стигнаа вработени од боницата во Прњавор, кои констатираа смрт на гол маж на предното седиште во автомобилот. Тогаш жената ни призна дека покојниот е нејзин љубовник, и не замоли да не го откриваме нејзиниот идентитет, бидејќи имал “опасна” жена – вели тој.

Специјалистот по судска медицина констатирал дека мажот, кој своевремено се бавел со активна политика, починал од срцев удар. Не е утврдено дали починатиот користл стимулативни сретства, но познато едека од порано имал срцеви тегоби.

Љубовница изјавила дека љубовникот пред неа испил вијагра, но не знаела дека, како што и подоцна се констатирало, испил уште една пред да се сретнат.

ВИДЕО: Македонци го киднапирале своето бебе од болница во Франција

Родители од Македонија се осомничени дека го киднапирале нивното 13-месечно бебе од болница во францускиот град Мец.

Детето се лекувало цели два месеца но се уште му е потребна постојана грижа и прекин на лекувањето би имал сериозни последици врз здравјето на детето.

По настанот што се случил пред шест дена, била алармирана полицијата, а случајот се води како киднапирање бидејќи на безбедносните камери се гледа как мајката и таткото бегаат по ходниците со девојчето во раце и влегуваат во автомобил.

Покрената е потера, но трагата на возилото му се губи на границата со Германија, каде најверојатно побегнало семејството, дознава „Канал 5“.

Британски екперти: Земјата има 2 дена да се подготви

Експертите велат дека во Сончевата атомосфера се отворила дупка која овозможува сноп од радиоактивни честички да тргнат кон Земјата.

Британската Национална управа за океани и атмосфера (НООА) рекла дека очекува бурата да стигне во сабота, 22. септември. Велат дека бурата може да предизвика северно и јужно светло кога ќе стигне, додека НООА оваа бура ја класифицира како Г-З или „малолетна“.

НООА експертите велат дека геомагнетната бура од Г1 класа е можно да се случи на 22. септември кога соларниот ветер ќе удри во земјиното магнетно поле. Магнетната бура претставува привремено пореметување кое е предизвикано со бранови од сончев ветер од магетосферата на Земјата. Тие спаѓаат во пет категории - Г1, Г2, Г3, Г4 и Г5 и додека Г1 се смета за мала бура, за Г5 се наведува дека може да предизвика страшни последици врз Земјата. Се верува дека сончевите бури се едни од најголемите бури во човештвото. Тие може да предизвикаат огромни проблеми во напојувањето - предизвикуваат прекини кои може да бидат фатални.

ТРАГЕДИЈА: Младен и Александар заедно отидоа во Америка на печалба

Двете момчиња од Краљево, како и уште едно лице, загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Илиноис, а нивните пријатели собираат пар за да ги погребаат во татковината.

Триесет и две годишниот Младен Петровиќ и 31-годишниот Александар Саковски од Крааљево, како и уште лице, загинаа завчера, кога автопат се судрија два камиони.

Како што пренесуваат американските медиуми, до сообраќајка дошло кога возачот на камионот изгубил контрола, ја пробил банкината и преминал на друга трака и директносе судрил со друг камион. Меѓутоа, американските истражувачи кои работат на несреќата, до денес не објавиле точна причина.

Братот на настраданиот Младен, Никола Петровиќ рекол дека од пријателите дознале за трагедијата во Америка.

-Не знаеме ние како се случила несреќата. Младен и Александар отишле заено пред две ипол години, возеа камион заедно, а мојот брат беше возач и овде. Слушнавме дека ни се потребни многу париза да го пренесеме телото, не знаеме кога ќе го погребаме, а акцијата за собирање пари е во тек - рекол очајниот брат.

На сајтот на кој се собираат пари наведено е дека цената на транспортот на посмртните останки од САД во Србија изнесува 100.000 долари.

Популарно