За венчавката на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ постојано се пишува и зборува, а нема сомнеж дека ова ќе биде свадба на година бидејќи Лепа Брена и Боба Живојиновиќ ветија дека ќе се потрудат венчавката на пејачката и менаџерот да биде попомпезно од нивното.
Ацо Пејовиќ во едно интервју откри дека иако на оваа свеченост ќе биде кум на Александра, ќе се фати и за микрофонот за да ја направи поголема веселбата, а нема сомнеж дека истото тоа ќе го направи и Пријовиќ, како и Лепа Брена и бројните пејачки ѕвезди кои ќе се најдат на листата на поканети.
На прашањето што им подготвува за подарок на младенците, Пејовиќ рече:
-Се уште размислувам дали мојот подарок за нив ќе биде во вид на плик или ќе им подрам нешто друго. Не знам, ќе видиме, рече Пејовиќ.