Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка

Министерот за правда Билен Саљији  вечерва поднесе оставка. Како што објави на прес конференција, оставката е мотивирана од неуспехот околу случајот Алмир.

“Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам обврска да поднесам оставка”, изјави Саљији.

Името на Саљији се споменуваше меѓу оние кои не одговориле на очекувањата и дека е можно да се најде на листата на министри за реконструкција, така што со овој потег се поштеди од таа можна одлука. Инаку, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Макфакс“ изјави дека на негово барање се сретнал со родителите на четиригодишното дете Алмир Алиу од Куманово, кое беше прегазено во 2016 година во Куманово и им подлегна на повредите.

„Бев со цел да им кажам дека нема никаква заднина во преквалификацијата на предметот“, рече Јовески во интервјуто. Тој изјави дека правдата ќе биде задоволена, а правото мора да владее. Јовески потврди дека во случајот нема никаква етничка или каква и да е друга заднина.

Јовески нагласи дека го проучил предметот за прегазувањето на малиот Алмир и дека обвинението на обвинителот се заснова на факти и докази што му стојат на располагање. Во конкретниот случај врз основа на доказите и вештачењата во предметот, обвинителката која го застапува предметот утврдила дека во случајот нема умисла, односно дека доказите не го потврдуваат обвинението кое првично било убиство со умисла, рече Јовески.

За утре се најавени протести против прекфалификацијата на делото од убиство во сообраќајна несреќа, при што во јавноста проструи информацијата дека градоначалничката од Арачиново ќе обезбеди транспорт за тие што учествуваат.

Грчки авиони ќе го бранат воздушниот простор над Македонија

Можноста грчкото вoeно воздухопловство да помага во контролата на воздушниот простор (FIR) на Македонија е еден од веројатните договори што ќе се разгледаат.

Според грчката телевизија Open,  како за време на посетата на Алексис Ципрас на Скопје, така и за време на посeтата на министерот за одбрана на Грција, што според истите информации, би следела по онаа на грчиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Телевизијата Open објави дека практично, оваа соработка би значело дека доколку се наведе сомнителен случај со непозната авио трага во воздушниот простор на Македонија, тогаш „грчките воени авиони ќе бидат повикани од соседите да се доближат до непознатата трага и да проверат за што станува збор”.

Според телевизијата, станува збор за вообичаена пракса меѓу земјите сојузници на НАТО, кога една држава ги нема неопходните средства, тогаш друга помага. Ваква пракса постои за FIR на Албанија и Црна гора, каде што помагаат Грција и Италија.

Како што веќе објави МИА, посетата на Алексис Ципрас на Скопје се планира за почетокот на следнот месец, а иако грчките медиуми го споменуваат 2 април како можен термин, сепак според информациите на дописничката на МИА од Атина, точниот датум се уште не е одреден.

Самиот Ципрас, при обраќањето на економскиот форум во Делфи рече дека во Скопје ќе допатува со бизнис делегација, но и министри од неговата влада.

Според Open, неколку дена по посетата на Ципрас на Северна Македонија, во Скопје ќе пристигне министерот за одбрана на Грција , Евенгелос Апостолакис за да се разгледаат можностите за билатерална одбранбена и воена соработка, како што се заеднички воени вежби, размена на студенти од воените академии и сл.

Заев призна: Ги амнестиравме зошто ни трбаше 2/3 мнозинство за „Преспанскиот договор“

Премиерот, Зоран Заев, денеска изјави дека нема најави за нова амнестија, ниту од Министерството за правда, ниту од претседателот, кој, како што рече, нема повеќе законска можност за тоа.

Како што рече Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 април, беше донесен во моменти кога беше потребно двотретинско мнозинство за уставните измени.

„Нема потреба повеќе од таа работа, нема такви случаеви. Ниту некој планирал ниту било што. Законот за амнестија се случи во рамки на помирувањето, тоа е многу сериозен процес, кога на државата и требаше двотретинско мнозинство, јавно го кажувам тоа и не бегам од тоа. Верувам дека парламентот нема потреба повеќе да посегнува по вакви работи затоа што овој случај беше јасно издиференциран, каде се одделија сите кои учествуваа во организација на насилство, од оние кои беа заведени во таквиот случај. Не верувам дека никој од институциите, ниту Министерството за правда, ниту претседателот, ќе отвори ваков случај на амнестија – рече Заев.

Популарно