Како да ја легнете секоја жена?

Краткиот одговор е НИКАКО. Подолгиот нуди неколку корисни совети.

 Мажите често се лепат за жени кои се тешки за добивање, а после се жалат дека им недостига секс. Бегајте од овие жени и ќе си ги подобрите шансите.

Жени кои се незадоволни со својот живот

Жените кои не се задоволни со својот живот, бегаат од реалноста и така стануваат лесни мети на заводниците кои бараат само авантура. Доволно е само да кажете неколку убави зборови и секоја жена веднаш да се најде меѓу облаците и вие ќе станете центарот на нејзиниот свет. Но, многу често потоа следува присилно слетување. По таквиот пад, животот ќе и се чини уште полош од порано. Затоа внимавајте што правите.

Депресивна жена

Сите познаваме барем една женска личност која постојано е депресивна и создава драми таму каде што ги нема. Жените склони кон депресија се лесни мети за мажите. Тие во нив гледаат како на спасители, но среќата која ја наоѓаат со нив набрзо повторно се претвора во депресија, а тоа е така затоа што ќе пронајдат нов проблем. Заводникот ќе побегне, а таа ќе биде депресивна. Но овој пат со причина.

Жена која сака да им удоволува на другите

Личностите кои постојано им угодуваат на другите околу нив се лесна допирна точка за љубовниците. Таквата жена се чувствува добро во друштвото на мажите и се грижи за неговите потреби. На првите знаци на негово повлекување, таа ќе почне да се бори за неговата наклонетост. Тоа, е единствениот начин да се чувствува сакано.

Жена која има бујна фантазија

Овие жени се најлесен плен на заводниците. Тие ќе поверуваат во било каква приказна. Можете да и ветувате брда и долини и сето тоа без никакви конкретни резултати. Но, таа во својата глава ќе создаде слика на која ќе се надева, иако од тоа нема да има никаква корист. 

Жени на кои сексот им е оружје

Многу жени веднаш ќе скокнат во кревет со маж, бидејќи сексот е начин на кој добиваат чувство на љубов. Заводниците ги користат овие жени за секс, а тие за нив емотивно ќе се врзат и во поголемиот број случаи, ќе останат разочарани.

Облеката е веќе на подот, но нешто ве спречува да имате секс

Ова е нешто што им се случува на сите парови. Двајцата сте одлично расположени за љубовна акција, облеката е веќе на подот и тогаш настапува таа несреќна ситуација која уништува сѐ.

Следните седум ситуации се најголеми непријатели на сексуалното расположение.

1. Повик од родителите

Повикот од родителите никако не може да придонесе нешто добро во сексуалната активност. Особено ако се обидете да го игнорирате, а тие не се откажуваат. Затоа, за да ја избегнете оваа непријатна ситуација, најдобро е мобилниот телефон да го оставите во друга просторија или пак да го ставите на нечујно.

2. Чуден звук во станот или во куќата

Двајцата сте слушнале некаков шум, звук од паѓање на некој предмет или чекори? Нормално дека нема да продолжите со акцијата, како паровите во евтините хорор филмови.

3. Ненадејно гадење

Понекогаш одредена храна не функционира како афродизијак, туку сосема спротивно. Неколку часа после вечерата, желудникот ви испраќа повратни сигнали, дека нема да успее да го задржи составот и наместо да го прегрнувате партнерот, таа вечер ќе ја прегрнувате WC школката. Катастрофа, нели?

4. Претерано смеење за време на сексот

Се случила одредена ситуација, на пример сте паднале од креветот и тоа го насмеало вашиот партнер многу повеќе од што сте очекувале. Во тој момент настапува вашата послаба и поемотивна страна, па најверојатно нема да сакате да продолжите со сексот.

5. Премногу забелешки за време на предиграта

Премногу инструкции и забелешки во текот на предиграта, може вас и вашиот партнер премногу да ве олади.

6. Повреда за време на сексот

Особено ако се работи за повреда на половиот орган. Освен што е болно, многу е веројатно дека апстиненцијата ќе потрае неколку дена.

7. Недостаток на презервативи

Колку и да ви е блиску продавницата, сексуалната возбуда едноставно ќе се спушти и веројатно наместо игри под чаршавот, ќе одберете гледање филм или ручек некаде надвор.

Кои жени повеќе сакаат анален секс, од вагинален?

Можеби ова ќе ве изненади, но жените кои имале анални игри велат дека почесто доживуваат оргазам од оние кои тоа не го прават.

Тој дел од телото е исполнет со осетливи нервни завршетоци, тврди сексолог Jessica O’Reilly.

– Таа област е анатомски направена за незаборавен оргазам, па ако сте го доживеале тоа е несомнено дека ќе посакате уште.

Ако сте загрижени заради хигиената, пенетрацијата не е неопходна.

“Започнете со мал анален чеп или користете вибратор, советува O’Reilly.

Дечко ми имаше секс во тројка со момче

Луѓето многу често се наоѓаат во ситуација за која не би ни помислиле дека ќе ја доживеат. Исто така, постапките на партнерот од минатото, тешко можат да се прифатат.

Следнава приказна е за една девојка која го дознава минатото на својот партнер, па бидејќи не знаела како да се справи со тоа побарала помош од советник. 

Почитувани: Со моето момче заедно сме повеќе од две години, а неодамна дознав нешто од неговото минато.

Тој имал секс во тројка со негов другар и некоја девојка. Тоа се случило кога имал 19 години, сега и двајцата имаме по 35. Постојано мислам на тоа и не можам да се помирам. Во мојата глава минуваат слики и многу ми е тешко.

Не разбирам зошто толку ми смета. Има ли начин да го заборавам тоа? Ве молам да ми дадете некој правец. 

Почитувана К...: Јас ја почитувама искреноста на твоето момче. Доколку те мачи неговото минато, разговарај со него. А, ако те мачи дали тој се уште е заинтересиран за секс со друго момче, најдобро е да го прашаш директно.

Популарно