(ВИДЕО) Рита Ора во смагардно зелена креација од Версаче

Рита Ора беше меѓу изведувачите на синоќешното доделување на Echo Awards 2018 во Берлин, Германија.27-годишната пејачка, којашто е родена во Косово, шармираше во елегантна зелена креација од Версаче и сандали од Џузепе Ѕаноти.

На сцената, Ора настапи со Лиам Пејн и ja изведоа „For You“, песната која заедно ја снимија за „Fifty Shades Freed“.

Почина пејачот на „Продиџи“

Кит Флинт, вокалистот на британскиот електронски бенд „Продиџи“, почина на 49-годишна возраст.

Пејачот беше пронајден мртов во неговиот дом во Есекс, Англија. 

Портпарол на тамошната полиција потврди дека Флинт е починат и истакна дека смртта не се смета за сомнителна.

Кит Флинд е роден на 17 септември 1969 година. Препознатлив по неговата флуоресцентна коса, овој музичар ги испеа најпознатите песни на бендот, „Breathe“ и „Firestarter“.  

„Продиџи“ неколку пати настапи во Македонија и е еден од омилените бендови на многу генерации.

Калиопи брутално искрена за Евровизија

Македонската пејачка Калиопи Букле, која два пати ја претставуваше Македонија на Евровизија, за „Блиц“ го раскажа и своето искуство.

„„На оној кој му пречи, е на погрешно место. Јас тоа не го доживеав така, јас едноставно уживав од првиот до последниот ден во целиот процес, бидејќи не се претставував сама себе, туку и својата земја, а кога ќе ја претставуваш својата земја мораш да дадеш 10 пати повеќе од тоа што си навикнат“ вели Калиопи.

Опи вели дека не постои конкретна шифра за тоа каква треба да биде песната за да има убав пласман на музичкото случување.

„Не постои шифра, не постои рецепт песната да биде ова или она. Не, песната треба да удри од другата страна. Јас мислам дека емоцијата е таа која ги зближува луѓето и да заборават на кој јазик зборуваат“ вели Калиопи.

Оваа година Македонија на Евровизија ќе ја претставува Тамара Тодевска која во понеделник ќе ја објави својата песна.

ВИДЕО: Влатко Стефановски со својот син за македонска МАГИЈА на сцената на Бубамара!

За Влатко Стефановски не е потребно да се трошат премногу зборови. Човекот едноставно не е од оваа планета или од ова време. Тоа оддамна го знаеме, но добрата вест е дека и неговиот син тргна по стапките на големиот музичар. 

Ова е нивниот заеднички настап на „Златна Бубамара“, придружувани од хорот „Мирче Ацев“ и „Танец“.

Популарно