ФОТО: Нора Шакири на кафе со Зорица Заева

Поранешната водителка, сега вработена во министерството за култура, Нора Шакири, на кафе со сопругата на премиерот, Зорица Заева. Дамите биле заедно во ресторанот „Еквилибриум“ во скопската населба Аеродром.

И двете биле големи обожавателки на српскиот актер Иван Босиљчиќ, кој неодамна беше во Скопје, за да го најави претстојниот концерт. Покрај дружбата со Босиљчиќ, Зорица и Нора имале време и за заедничко кафе.

ВИДЕО: Поради снежна бура, принуден е да остане затворен дома, но...

Поради снежниот бран што ја погоди Европа , луѓето на различни начини се обидуваат да ги намалат последиците од настанатата временска непогода.

Овој австриец најде идеално решение како да го искористи снегот во секојдневниот живот.

Погледнете ја оваа генијална идеја:

Погледнете што часот на раѓање говори за вас

Не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или доцна навечер. Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час во денот има одредена астролошка важност, која многу влијае на осцилациите во нашиот биоритам. Кругот од 24 часа поделен е на шест нумерички станици.

Првата нумеричка станица е помеѓу полноќ и 4 часот наутро, втората помеѓу 4 и 8, третата помеѓу 8 и 12, четвртата се наоѓа помеѓу 12 и 16, петтата помеѓу 16 и 20 и последната помеѓу 20 и полноќ.

За родените помеѓу полноќ и 4 часот наутро

Вие сте тивки и смирени по природа. Сакате да сонувате и градите кули во облаците. Имате бујна фантазија и понекогаш тешко се снаоѓате во светот на физичката стварност. Имате интересна распеана душа и луѓето често не ве разбираат, затоа што вашиот начин на размислување е поинаков и единствен. Понекогаш делувате расеано. Имате многу племенити навики и секогаш сте спремни да им помогнете на другите.

За родени помеѓу 4 и 8 часот

Вас ве одликува брзина и снаодливост. Упорни сте и истрајни во сите работи, а особено во практични нешта. Како малку кој, вие одлично се снаоѓате на реалноста. Тежнеете кон тоа да на другите им бидете пример, од момент во момент се докажувате и потврдувате.

За родени помеѓу 8 и 12 часот

Вие сте човек од верност, надеж и оптимизам. Жилави сте, ведри и секогаш во одреден немир. Секаде зрачите со несебична љубов и магнетна топлина. Емпатични сте и духовите. Имате склоност кон уметност и филозофија. Вие се особа со многу таленти.

За родени помеѓу 12 и 16 часот

Вие сте енергични, снаодливи и жилави. За вас деновите се практична работа. Добри сте како говорници, математичари и физичари, а ништо не би биле лоши и како книжевници, кога својата енергија би ја насочиле во тој правец. Накратко- вие сте надарена особа која може во многу професии и занаети успешно да го истражи својот креативен дух.

За родените помеѓу 16 и 20 часот

Вие сте личност со немирен, лутачки дух и по малку нервозни. Чекорите ви се динамични, зборовите остри и снажни. Вие брзо мислите и дејствувате. Сакате повеќе да проживеете и го сакате животот во сите видови и облици. Чести ги менувате одлуките и ставовите и неретко истовремено превземате различни зафати. Кој не ве познава добро, може да помисли дека сте брзоплети, но вие итоа како сте свесни што правите.

 За родени помеѓу 20 и 24 часот

Умерени сте, рационални и упорни личности. Сакате да доминирате над нештата и ситуациите. Имате склоност кон филозофија и книжевност. Вие сте уште и духовити личности кои, кога би сакале, би можеле да имаат големо влијание на луѓето околу себе. Авторитетот сте во семејството и друштвото, помеѓу пријателите и на работа. Понекогаш делувате помалку воображено, но тоа е поради тоа што сте полни со самодоверба, како и со животна и креативна енергија.

ФОТО: Оптичка илузија ги збуни корисниците на социјалните мрежи

Оптичка илузија на фотографија предизвика многу реакции, кои се одразија така што оваа фотографија е лајкувана 23.000 пати, а споделена повќе од 3.400 пати.

За се се виновни црните тренерки со бела линика, кои прават да изгледа дека девојката има екстремно текни нозе.

Како ви се чини вам на прв поглед?

Популарно