Елена Ристеска за вториот брак и мајчинството

Популарната пејачка Елена Ристеска беше една од првите интервјуирани за потребите на новиот портал на актерката Весна Петрушевска, „Мој сајт“.

Бејби  реши таа самата да се ангажира и да ги прави интервјуата, а за почеток приказната ја започна со Елена.

Искрено и отворено Елена и одговори на Бејби Мама на повеќе прашања врзани со кариерата и приватноста, а на прашањето како се гледа за пет години, таа одговара вака:

-  Како успешна мајка и сопруга и се уште музички и авторски активна, но би се посветила и на други бизниси за кои имам уште одамна голема желба. Зависи од партнерот, доколку ми ја дава поддршката во чување на домот и децата, би била успешна и реализирана во повеќе полиња на животот, откри Ристеска емотивно и со отворени карти пред јавноста.

ФОТО: Цеца си го дупна носот!

Најголемата ѕвезда на турбо фолкот, Цеца Ражнатовиќ стави пирс на носот, а за својот нов имиџ се пофали пред фановите на „Инстаграм“.

Станува збор за алка која пејачката ја закачила на својот нос. Нејзиниот украс на лицето наиде на големо воодушевување кај фановите, кои не штедеа пофални зборови и комплименти за новиот изглед на пејачката.

Цеца својот нов стајлинг го комплетираше со црн фустан.

Поранешната девојка на Влатко Илиевски: „Се видовме два дена пред смртта"

Пред два месеци од овој свет си замина пејачот Влатко Илиевски, а раните на неговите најблиски уште крварат.

Во „Бекстејџ“, за Влатче зборуваше и неговата пораншена девојка, актерката Ана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојановска.

- Последно се видовме два дена пред смртта, бевме кај него дома и игравме карти, брич со мајка му. Влатче победи и беше многу среќен, изјави Ана во емисијата.

За потсетување Влатко беше најден мртов во автомобилот

ФОТО: Никој не би рекол дека е 7. месец бремена

Пејачката Тамара Тодевска е во седмиот месец од бременоста, но нејзиното трудничко стомаче скоро и да не се познава, а и таа умее добро да го сокрие.

Пејачката го очекува нејзиното второ дете, за кое заедно со сопругот најавија дека ќе биде момче.

Дали вие би забележале дека Тамара е бремена, кога вака добро изгледа:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Популарно