ФОТО: Македонски музички спот со згодни децојки по танги!

„Летна Тајна“ ќе биде новата песна на Перо Пандилоски. Станува збор за поп песна со латино елементи снимена во студиото на Ивица Брчиоски (Ареа)

Деновиве Перо финишираше со снимањето на спотот кое се одвиваше во еден познат хотел во Маврово со ПроКам продукција.

Се работеше посветено, а моделите на модното студио „Црнокрак“ дополнително ја вжештија атмосверата по бикини на базенот”

Главната женска улога и припадна на убавата Симона Станковска, за која Перо вели дека е презадоволен и не ги штедеше пофалните зборови.

Видеото треба да се појави за една недела…

ФОТО: Цеца си го дупна носот!

Најголемата ѕвезда на турбо фолкот, Цеца Ражнатовиќ стави пирс на носот, а за својот нов имиџ се пофали пред фановите на „Инстаграм“.

Станува збор за алка која пејачката ја закачила на својот нос. Нејзиниот украс на лицето наиде на големо воодушевување кај фановите, кои не штедеа пофални зборови и комплименти за новиот изглед на пејачката.

Цеца својот нов стајлинг го комплетираше со црн фустан.

Поранешната девојка на Влатко Илиевски: „Се видовме два дена пред смртта"

Пред два месеци од овој свет си замина пејачот Влатко Илиевски, а раните на неговите најблиски уште крварат.

Во „Бекстејџ“, за Влатче зборуваше и неговата пораншена девојка, актерката Ана Стојановска, ќерка на актерката Силвија Стојановска.

- Последно се видовме два дена пред смртта, бевме кај него дома и игравме карти, брич со мајка му. Влатче победи и беше многу среќен, изјави Ана во емисијата.

За потсетување Влатко беше најден мртов во автомобилот

ФОТО: Никој не би рекол дека е 7. месец бремена

Пејачката Тамара Тодевска е во седмиот месец од бременоста, но нејзиното трудничко стомаче скоро и да не се познава, а и таа умее добро да го сокрие.

Пејачката го очекува нејзиното второ дете, за кое заедно со сопругот најавија дека ќе биде момче.

Дали вие би забележале дека Тамара е бремена, кога вака добро изгледа:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

Популарно