ВИДЕО од вчерашната поплава во Скопје

Силно невреме проследено со поројни дождови, грмежи и ветер вчера го погоди Скопје.

На Фејсбук стрната „Ѕид на сообраќајниот срам“ беше објавено видео од  Пинтија, каде се гледа реки вода по улиците, при што возењето на автомобилите е отежнато.

Видеото погледнете го ТУКА

Граѓаните не му даваат на „пајакот“ да работи

Популарната „Пластичарска улица“ на Бит-пазар во Скопје и денеска беше преполна со купувачи, продавачи и минувачи, поради што беше исклучително тешко за движење, особено за паркирање.

Возачите ги оставаа своите автомобили каде што ќе забележеа празен простор, поради што пристигна и „пајак“ службата за да го расчисти хаосот. Но, тоа не им се допадна на нервозните граѓани, кои не дозволуваа да се соберат непрописно паркираните возила. Ситуацијата беше тензична.

ФОТО: Возач на ЈСП херој на денот

Постот објавен на социјалните мрежи ги критикува возачите кои се паркирале на постојката и лицето со количка не може да влезе во автобусот.

Ние, иако сме познати по критиките, денеска решиме да го смениме правецот на оваа приказна и наместо да ги критикуваме оние кои погрешно се паркираат (свесни дека 100% го заслужуваат тоа) ние решивме да го истакнеме потегот на возачот кој го паркираше автобусот и излезе да помогне лицето со инвалидска количка да може да влезе во автобусот. Браво.

Популарно