Сопругата на Тачи во врска со претседателот на парламентот, Весели

Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели и претседателот на Косово, Хашим Таќи одамна гаат омраза еѓу себе. Причината за оваа омраза не е политичка, туку поради една жена. И тоа, сопругата на Тач - Љумнија Тачи.

Целата приказна започнала кога медиумите објавиле дека Весељи фрлил око на атрактивната Љумнија, а и дека ниту таа не останала должна.

Овие сознанија ги потврдува и Курир.рс, повикувајќи се на нивен долгогодишен соработник Божидар Спасиќ.

За Љумнија претходно се зборувало дека го изневерува Хашим со британски офицер од редовите на КФОР. Но, сè било брзо заташкано, и таа му се вратила на Тачи, а Британцот бил суспендиран. Наводно Љумнија, заедно со својата сестра, учествуваа во баханалии со офицерите на КФОР, па ја фатиле. Тачи брзо го негирал тоа, тврдејќи дека само сестрата на неговата сопруга била вклучена во овие баханалии“ – тврди за српски „Курир“ нивниот соговорник, инаку долгогодишен разузнувач Божидар Спасиќ.

Но, и Тачи не и останал покус, па наводно влетал во врска со косовската амбасадорка во САД.

Дали е ова вистински секс скандал кој јсериозно ќе ја раздрма Приштина, или само медиумски спин на српската политика како одмазда за Газивода, очекуваме да дознаеме набргу.

Вучиќ: Србија прва ќе ја признае Северна Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Нови Сад на отварањето на манифестацијата „Нови Сад-европска престолнина на младите“, им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на ратификацијата на Преспанскиот договор.

-Ние не се мешаме во внатрешните работи на други држави, кога договорите се постигнати и донесени. Србија им честита и на Скопје и на Атина. Србија ќе биде една од првите држави, кои својот јужен сосед ќе го признае под новото уставно име. Сакаме најдобри можни односи и со двете земји и уште еднаш им честитам на господинот Заев и Ципрас, истакна Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање.

На прашањето за тоа колку овој договор ќе придонесе за добриот развој на односите меѓу Србија и Косово, рече дека „постојано за ова слуша приказни“, но нагласи дека „тука се работи само за името“.

– Нашите проблеми во односите со Приштина се стопати потешки.Тоа мора да го разберат луѓето, но и овие од Европа и Светот, кои кажуваат, „аха решивме еден проблем, сега ќе го решиме вториот проблем“. Да, ние сакаме да го решиме, само немојте да ги поистоветувате, бидејќи тоа се драматично различни проблеми и според тежината и според последиците и по се останато, рече Вучиќ.

Според него, политиката на Србија, а пред се заради младите, е политика на регионалната стабилност и поликата на отворени граници.

Несреќа на Шар Планина: Во лавина загина заменик-министер

Заменик-министерот за дијаспора на Косово, Аријан Даци, загина во лавина на Брезовица, која се наоѓа на косовската страна на Шар Планина, пишува српски blic.rs повикувајќи се на косовските медиуми.

„Газета експрес“ пренесува дека претставникот на полицијата во Урошевац, Басри Шабани потврдил дека лавината на Брезовица однела човечки животи.

Смртта на Даци, син на некогашниот претседател на косовскиот парламент Неџад Даци, ја потврдиле и претставници на косовската влада.

Неофицијално, жртвите скијале на необележани патеки.

Елитна проститука на снимка со хрватскиот министер

Главна тема во Хрватска изминативе денови се фотографиите објавени во неделникот Национал, со министерот Толушиќ.

На нив е како што тврди СОА, се наоѓа министерот и потпретседател на Владата Томислав Толушиќ, во неговиот скут седи проститутка и кокаин подготвен за конзумирање.

Толушиќ рекол дека станува збор за фотомонтажа и порачал дека тој не носи такви чевли како мажот на фотографијата.

РТЛ Директ од свои извори дозната дека жената на фотографијата била под мерки за следење како актер на аферата „елитна проституција“, која во 2011 година почнала од салон за масажа во Домот за спортови.

Додаваат дека главниот адвокат тврди дека на страгата ѝ се ближи крај и потсетуваат дека во таа афера Милија Бркиќ е осомничен за издавање на податоците на проститутките под надзор.

Популарно