„Вашата ќерка е мртва“

Таткото на 33-годишната Марија Чајетинац, која настрадала во својот автомобил во верижниот судир, ја барал својата ќерка на мобилниот телефон кој на патот го пронашол полицаец и му ја соопштил страшната вест.

Слушнав на вести дека имало верижен судир кај Јагодине, па ја повибарав ќерка ми Марија, бидејќи знаев дека тргнала по тој пат. Телефонот долго ѕвонеше, а потоа се јави маж кој се претстави како полицаец и ми кажа дека мојата ќерка е мртва.

Ова за роднините го раскажал таткото на Марија, една од осумте жртви на стравичниот судир кој во вторникот се случи на автопатот ај Јагодине.

Марија настрадала додека од Белград одела кај своите родители. Роднините на несреќната девојка велат дека за стравичната несреќа слушнале од медиумите, но дека не знаеле дека станува збор за Марија.

-Нејзиниот татко видел на вести и се посомневал дека таа е во колоната. Веднаш почнал да ја бара на телефон, но за жал од полицаец ја дознал тажната вест. Очајниот човек со автомобилот еднаш тргнал кон автопатот за да ја најде ќерката - рааскажуваат дорнините на настрадатана девојка, Марија која била гордост на семејството.

-Заминала од селото да студира во Белград. Татко и имал приватна фирма, па половина од времето живеела во село, а половина во град.

Мештаните и понатаму се очајни после незапаметаната несреќа.

Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае

Три лица се повредени во сообраќајката, што утрово се случила на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Ангел Динев“ во скопската населба Влае.  

Како што информира МВР, сообраќајна несреќа во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје била пријавена во 2:25 часот. Во неа учествувале две возила, едното марка „шевролет“ управувано од 32-годишната Е.С. и автомобил „ауди“, кој бил управуван од 27-годишниот Б.А. од скопски Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., кои биле констатирани во Клиничкиот центар „Мајка „Тереза“.

Возачот на „аудито“ Б.А., според МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Со телесни повреди се здобил и неговиот сопатник И.А.(32) од скопското село Љубин. Тој, како што информираат од полицијата, бил пренесен во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Популарно