ВИДЕО: Лејди Гага: "Со години се борев откако бев сексуално злоставувана"

На настанот "Women in Hollywood" во организација на магазинот ELLE, посебна награда врачи Џенифер Лопез на својата колешка Лејди Гага. Од неодамна и глумица во успешниот мјузикл "A Star Is Born", Гага дошла на сцената во предимензионирано одело, се заблагодари и го започна емотивниот говор кој предизвика солзи.

"Пробав неколку вечерни тоалети за вечерва, но не сакав да ја поттикнам тезата дека жените се овде само за да бидат убави и меѓусебно да се натпреваруваат, на големо задоволство на јавноста. Поради тоа се одлучив за одело. Како жртва на сексуално насилство од маж од оваа индустрија, како жена која сè уште не е доволно храбра да го каже неговото име, како жена која живее со хронична болка и како жена на која мажите ѝ кажувале што требало да прави, денес одлучив да ја преземам моќта во свои раце. Денес носам панталони", рекла на почетокот. 

Зборуваше за тоа како преживеала сексуално насилство кога имала само 19 години и дека потребни ѝ биле долги години за да се помири со тоа и конечно да проговори.

"Засекогаш се променив после тоа. На никој не кажав, ниту ни самата не сакав да си го признаам. Чувствував срам, го чувствувам и денес додека стојам пред вас. Се срамам поради тоа што го доживеав. Сè уште има денови кога мислам дека јас сум виновна. Откако на моќните луѓе во оваа индустрија им кажав што ми се случи, никој не сакаше да ми помогне. Никој не ми понуди рака, никој не ме упати на местото каде ќе се грижам за моето ментално здравје. Тие ме повлекоа бидејќи сакаа да ја задржат својата моќ, а потоа се повлеков и јас - сè додека не започнав да чувствувам физичка болка", рекла пејачката.

"Многумина сметаа дека тоа е измислено. Но, јас ќе Ви кажам што е тоа. Синдром кој се состои од болка предизвикана од стрес. Депресија, потешкотии, пореметување во исхраната, трауми - тоа се само некои пример од она што може да доведе до торнадо од болки. Мораме заедно да работиме за да им помогнеме на оние на кои им е потребна помош. Имам среќа бидејќи денес имам каде да одам, но многумина ги немаат тие можности. Не можам да му платам на некој да им помогне и тоа е проблем кој мора да се реши. Тоа за мене значи да се биде жена во Холивуд - да се има платформа преку која можеш да ги промениш работите", рекла Гага, која присуствуваше заедно со вереникот Кристијан Карино.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Популарно