ФОТО: Есма Реџепова конечно доби достоинствен дом!

По речиси две години од смртта на кралицата на росмаката музика, Есма Реџепова, нејзиното вечно живеалиште, конечно доби надгробен споменик и достоинствено одбележување на надгробното место. 

Откако, по медиумите сведочевме за отворен расправа за тоа кој е одговорен за срамниот изглед на гробот на Реџепова, владата конечно овозможи достоинствен изглед на нејзиниот нов дом во Бутел.

Испратено од Мурат

ФОТО: Чад над главната зграда во ОХИС!!!

Некогаш хемиски гигант на Балканот, денеска напуштени објекти и загадено земјиште. ОХИС оддамна не работи, но велта сеуште е еден од најголемите загадувачи на Скопје. Ова се однесува на отровите кои се наоѓаат во земјата под хемиската индустрија, а кои се пренесуваат низ Скопје со подводни води, велат експертите.

Но, тоа не е доволно, па денеска ОХИС го загадуваше и воздухот. Наш редовен читател ни испрати фотографија од некогаш „главната“ зграда на фабриката, на која се гледа дека од неа излегува чад. Дали избил пожар или станува збор за нешто друго, засега нема информации.

Испратено до Драган

Популарно