ФОТО + ВИДЕО: За памучни пижами – Спенџарска, за долна облека од тантела и свила – Лила

Веќе пишувавме дека ТВ водителката на Канал 5, Јелена Спенџарскаоднеодамна стана заштитно лице на еден познат македонски бренд за пижами, ноќници, долна облека, костими за капење, хулахопки… наследувајќи ја пејачката Викторија Лоба која претходно беше нивниот „бренд амбасадор“.

Соработката на водителката и брендот започна со фотосесијата на водителката во пижами, која ја правеше познатиот уметнички фотограф и видеорежисер Дарио Јанковиќ.

Арно ама последните секси фотографии и куси видеа што се појавија викендов на социјалните мрежи открија нешто друго.

Имено, ако претходно Лоба  на брендот му беше „девојка за се’“, односно лице за комплетниот асортиман, овој пат тие решија да си ги разграничат работите. По кој критериум – тие најдобро си знаат, па така Спенџарска (о)стана да биде лицето за рекламирање пижами, а долната облека заврши кај Лила Стојановска. Или поточно, таа заврши облечена во нивната долна облека, на новата фотосесија со стариот фото и видеомајстор.

Неколку жешки фотографии и едно-две куси видеа, во кои Лила облечена во еден-две  секси комплетчиња долна облека на брендот, само ја подгреваат и онака жешката атмосфера и тоа тоа по два основа…

Како прво, сите едвај чекаат да го видат комплетниот фото и видео серијал во кој Лила со својот секси изглед ги буди сите сетила ставајќи ја возбудата на максимум…

…А како второ, веројатно газдите и менаџментот на брендот дефинитивнмо одлучиле да ги раздвојат работите: Кој(а) е за во секси боди, килоти и тантела, а кој(а) од двете ТВ дами за во пижами! Се разбира, со сиот должен респект кон обете!

Клиентите веројатно со нетрпение ќе чекаат да дознаат, која од нив ќе ги облече чорапите и хулахопките, а која костимите за капење на брендот?  Или за нив ќе има трета, четврта… позната македонска дама од јавниот и естрадниот живот?

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

SO LILA SARA FASHION

A post shared by Dario Jankovic (@dariojankovic) on

ФОТО 18+: Маја Беровиќ позираше во танга и го запали Инстаграм

За српската пејачка Маја Беровиќ очигледно летото стигна порано. Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира во базен.

Се разбира, на фотката Беровиќ го истакна нејзиниот можеби најсилен адут, а тоа е совршениот задник.

Нејзините машки обожаватели веднаш ја почестија атрактивната пејачка со позитивни коментари, а фотографијата има преку 100.000 лајкови.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Feel Me☀️💦

A post shared by Maya Berovic (@mayaberovicofficial) on

Сони Тарнер откри интересен детал

Плус сајз манекенката Сони Тарнер  често ги инспирира останатите жени ширум светот, но сега призна дека да бидеш плус сајз манекенка и не е така едноставно и дека мора здраво да се храни и да оди во теретана.

Таа нагласи дека „полничка“  не значи дека не треба да водите сметка за себе си.

Сони на почетокот носеле помал број, но за потребите на некои едиторијали морала да изгледа малку подебело.

Сега носи број 46 и истакна дека како плус сајз модел не смее да биде предебела и мора да има рамен стомак, здраво да се храни и да оди во теретана.

ФОТО: Северина се соблече по гаќички и без градник

Северина денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија која би можела да ви го поправи денот.

Пејачката позирала во гаќички, а очигледно под горниот дел кој го облекла, нема градник. Северина на фотографијата ги покажала совршените нозе и деколте, а фотографијата настанала како дел од кампањата за нејзиниот нов албум „Хало“, кој многу им се допаѓа на нејзините обожаватели.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Friday mood... 📞 #newalbum #halo #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Северина, да потсетиме, за еден месец ќе го прослави 47-от роденден, а обожавателите ѝ велат дека изгледа дваесетина години помладо од нејзините врсници.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

FATAMORGANAAAAA u podne! #severina #halo #fatamorgana #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #newalbum

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Фотографијата за 20 минути од објавувањето собрала 5.000 лајкови, а имало и стотина комплименти на сметка на изгледот на Северина.

Популарно