Погледнете што не треба да правите веднаш после секс

Веднаш после сексуалното доживување сакаме да уживаме во напливот на хормони што нѐ прави опуштени, задоволни и малку мрзоволни.

Сепак, нека не ве фаќа мрза за да направите неколку задолжителни работи.

Покрај тоа, има и уште неколку работи што не треба да ги правите веднаш после секс, без разлика дали се работи за секс за една вечер или секс со повремен или постојан партнер.

Не заборавајте да уринирате

Можеби не ви звучи (и изгледа секси) да се искраднете кон бањата веднаш после секс, но многу е важно да го испразните мочниот меур, а тоа особено важи за жените.

Сексуалните активности може да ги поттурнат бактериите нагоре во уретрата и потоа да си имате мака со уринарна инфекција.

Немојте да се „киснете“ во жешка бања

Експертите се согласуваат дека бањањето или туширањето после секс е сосема во ред, но треба да одбегнувате лежење во када со жешка вода. Повторно, ова особено се однесува на жените.

Долгата изложеност на жешка вода може да ја намали способноста на антибактериската бариера на вашата кожа.

Не користете парфимирани производи за нега на интимните делови

Производите за хигиена и нега кои содржат мириси и парфеми може да ја иритираат и онака чувствителната кожа после секс.

Идеално е да се измиете само со вода, советуваат докторите.

Не ги пакувајте секс играчките пред да ги исчистите темелно

Како што го миете телото после секс, така треба и да ги измиете сите секс играчки кои сте ги користеле.

Секс играчките обично се изработени од синтетички материјали и задржуваат бактерии. Темелно и навремено чистете ги за да одбегнете ризик од инфекции.

Се препорачува да ги миете со млака вода и нежен сапун или како што е наведено на пакувањето.

Не треба да се „исклучите“

Без разлика дали планирате да останете или да си заминете за брзо, не заборавајте на вашите манири.

Не се фаќајте веднаш за телефонот или далечинскиот управувач. Бидете присутни и разговарајте, без разлика на нивото на блискост со партнерот.

Ова особено важи ако сте во врска. Моментите после секс се важни за зацврстување на интимноста со партнерот.

Лошо е, знам но, полудувам кога ќе ми влезе

Секој пат излегувам од кожа кога тоа ќе ми го стори. Иако знам дека тоа што ми го прави не е добро, не можам да се контролирам.

Кога последан пат тоа ми го стори, не можев да се контролирам, толку многу врескав што сите соседи ме слушнаа. Крвта ми удри ви глава, можев да направам вистинска глупост.

Секој пат иста приказна. Знае како да ме полуди и тоа постојано го прави. Иако однапред знам што му е целта секој пат одново ме вади од такт и прави да се чувствувам немоќно и глупаво.

Од кога почнавме да живееме заедно, сопругот постојано со валкани чевли ми влегува дома. Прво убаво му објаснив не знам ни јас колку пати му повторив да научи да ги соблече чевлите или да ги исчисти на чешма пред да влезе дома. Имам разбирање. Тој се занимава со полјоделство, постојано е на земја или трактор но не може со каливи чевли да влегува дома. Целиот декември го поминав во подготвување храна и чистење на куќата за Свети Никола.

Паднав на нос од умор. Во петокот дента пред да ни дојдат гостите мојот сопруг дојде од кафеана со гумени чизми полни со кал и буквално направи лом низ целата куќа. Толку многу врескав што целата населба ечеше. Тој само ми се насменуваше. Морав да испијам и апче за смирување за да не доживеам нервен слом. Не е фер. Нема смисла. Од минатиот петок воопшто и не зборуваме. Не сакам да зборувам со човек кој не ја почитува мојата работа. Неговата сестра ми кажа дека можеби претерувам, но ме фати инает и решив да не зборувам со него се додека не ја смени таа лоша навика.

Ешли Греам: Спиев со пола град, но со сопругот немав секс до бракот

Една од најпознатите плус сајз манекенки на светот, Ешли Греам даде интервју за списанието Ел и сите ги шокираше.

Го запознала сопругот на 21 година во црква. Мислела дека е пребргу да има секс со него, па решила да причека до венчавката.

-Пред тоа спиев со половина Њујорк, буквално се правев, изјави манекенката, која во интервјуто раскажа и дека со сопругот само се бакнувале , се додека не се венчале.

Секс пози што ја полудваат секоја жена!

Овие 4 пози им се омилени на поголемиот број на дамите, па ако изберете некоја од нив следниот пат кога ќе имате секс, таа ќе ви биде благодарна.

1. Мисионерска поза

Мисионерската поза дефинитивно е потценета. Ова за жените е една од најдобрите, а не е потребно многу труд и акробации. Оваа класична љубовна поза е совршена за тие коишто сакаат да почувствуваат силна машка снага врз нив.

2. Танц над градите

Поголемиот дел од жените сакаат да бидат над партнерот бидејќи така чувствуваат дека имаат контрола над играта, а моќта често пати знае да биде силен афродизијак. Меѓутоа не треба да се ограничувате само на една поза, бидејќи оваа поза изобилува со можности.

3. Поза “лажица”

Оваа поза е популарна и кај нас мажите, меѓутоа процентот кај жените е далеку поголем. Мажот и жената лежат на страна, прибиени еден до друг, а рацете се околу нејзиното тело. Оваа поза овозможува подобра пенетрација на “Г точката”, како и нежни допири и страствени прегратки, бидејќи кожата е силна ерогена зона.

4. Секс на маса

Уште една од најомилените пози на жените. За оваа поза потребно е жената да седне на одредена површина која што ќе биде на ниво со вашиот струк, со што ви овозможува послободно движење. Пробајте ја оваа поза на кујнската маса, на машината за перење или на хаубата од вашиот автомобил.

Популарно