ВИДЕО: 44 вработени го прославија oткaзoт со трубачи и музика

Вчера во фабриката „Шпик– Иверица од Ивањица, 44 работници со решенијата и работната книшка во раце, испратени со музика и трубачи после 40 години работен стаж, ја напуштија фабриката.

Повеќе работници во фабриката работеле три или четири децении од својот живот.

Некои се тука од почетокот на основањето на фабриката, но повеќето од нив добија отказ, иако веруваа дека фабриката и понатаму можеше нормално да работи, но за жал не беше така.

Миленко Главиниќ еден од најстарите работници во фабриката рече за агенцијата РИНА, дека во Шпик работел повеќе од 40 години, а пред вработувањето тука бил како ученик.

Овде го поминав целиот мој живот. Денеска решивме овде да се поздравиме како луѓе, затоа што секогаш бевме тука за дружење и така ќе продолжиме после затворањето на оваа фабрика, рече Главиниќ, додавајќи дека колегите со кои што работел се многу вредни, добри и многу лесно ќе најдат нова работа.

Јас мислам дека тој што сака да работи секаде ќе најде работа. Повеќето од отпуштените работници веќе имаат нова работа, изјави Главиниќ.

Тој додаде дека и после се што им се случи на вработените, тие не се нервозни и лути на сопственикот и дека ќе останат коректни со него.

Тоа е негова одлука. Ни ги исплати заостанатите плати по нормален закон и испадна фер спрема сите нас. Затоа и одиме со музика, рече Галвиниќ.

Општина Ивањица се наоѓа во Југозападна Србија. По површина е една од најголемите општини во Србија со површина од 1.090 км, а интересно е дека повеќе од половината од општината се наоѓа под шума.

Општината има 18 месни заедници, а најголема по површина е Остатија (112 km2), а додека по број на жители е најголема Ивањица.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно