10 емотикони што сигурно ги употребувате погрешно

Дали сте сигурни дека правилно ги употребувате емотиконите? Голема е веројатноста дека не го знаете точното значење на барем еден од нив.

Емотиконите станаа важен дел од нашето секојдневие и интернет културата, па добро би било да знаете што точно означуваат.

Погледнете некои од најчесто употребуваните емотикони и нивното вистинско значење:

1. Многумина веруваат дека овој емотикон означува молење. Но, ова е гест што Јапонците го користат за да побараат прошка. Истовремено, емотиконот може да значи и „Да пукне“.

2. Речиси сите го употребуваат овој емотикон како бакнеж, кога всушност означува свиркање.

3. Тупаницата свртена кон десно е знак за почитување.

4. Најчесто црвениот „Х“ знак го поврзуваме со забрана. Но во Англија, овој емотикон може да симболизира и бакнеж.

5. Поради големината, лесно е да помислите дека овој емотикон означува плачење. Но, ова е емотикон што симболизира анксиозност и стрес.

6. Овој емотикон покажува дека сакате прегратка.

7. Емотиконот со исплазен јазик најчесто се користи за шегување, но всушност претставува личност која ужива или пробува храна.

8. Двете дланки означуваат славење успех.

9. Овој емотикон можеби изгледа гневно и фрустрирано, но наводно, би требало да го употребувате кога ќе надминете некоја пречка.

10. Oвој емотикон најчесто се користи за искажување фрустрација, но всушност означува замор.

Извор: Црно Бело

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно