Вработување во РАГУЗА ГРУП, DAILY FOOD & WINE, ФЕЈДОМ!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

РАГУЗА ГРУП традиција на доверба, 30 години визионери во угостителскиот бизнис во Македонија.

Моментално вработува:

ПРОДАВАЧ/КА - ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ

Daily е урбано место во градот каде ќе можете да го доживеете вистинскиот вкус на вашите омилени јадења и пијалаци.

Моментално вработува:

ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА
КЕЛНЕР/КА
САДОМИЈАЧ/КА

LEAR CORPORATION MACEDONIA компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ - Тетово.

Моментално вработува:

PRODUCTION PLANNER
OPERATORË NË PRODHIM
ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

TRANSCOM MACEDONIA е специјализирана компанија за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИЗЛЕЗНИ ПОВИЦИ НА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК - РАБОТА ОД КАНЦЕЛАРИЈА ИЛИ ОД ДОМА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Сите активни работни позиции во Кромберг и Шуберт можете да ги најдете ТУКА.

ФАБРИКАТА ФЕЈДОМ во Скопје е се уште организирана како експериментална производствена лента, со 100 вработени и простор од 4,000 квадратни метри, а која произведува околу 6,000 софи годишно.

Моментално вработува:

ТАПЕТАР

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Моментално вработува:

АДМИНИСТРАТОР ВО НАБАВКИ
АДМИНИСТРАТОР ВО ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЦЕСИРАЊЕ НА ПОРАЧКИ

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ
АСИСТЕНТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите постојани вложувања во производната технологија, започнување и спроведување на разновидни проекти во сферата на заштитата на животната средина, развој на заедницата и останати проекти во областа на Корпоративната Општествена Одговорност се главните придобивки од нашата филозофија на одржлив развој.

Моментално вработува:

ТЕРЕНСКИ ПОМОШНИК ОПЕРАТОРИ ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност ќе одлучува за поскапувањето на полисата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот ја сочинуваат членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Комисијата ја утврдува премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што ги утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

Со донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното авто осигурување од страна на осигурителните компании за 15,44 отсто поскапува полисата што ја плаќаат граѓаните при регистрација на нивните возила со моќност од над 44 киловати. Поскапувањето е од 840 па до скоро 1.600 денари во зависност од моќноста на возилото

(Видео) Топки град колку човечка тупаница, торнадо направи хаос во Кина

Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу.

Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени уште 33 лица.

„Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Град со големина на тупаница паѓал и ги пробил покривите.

Според очевидци, градот убил и некои домашни животни.

Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабричка зграда, но ниту една станбена зграда не е уништена. Според Ксинхуа, спасувачката работа е веќе во голема мера завршена.

По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од повеќе од 20 метри во секунда (72 км/ч).

Пред само една недела, обилните дождови ги зафатија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица и беа принудени да се евакуираат повеќе од 100.000 жители.

Гуангжу има над 18 милиони жители. Главниот град на провинцијата е еден од најважните економски центри во Кина.

СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг

Социјалистичката партија на Македонија цени дека обидите на СДС и ДУИ да го прогласат првиот изборен круг на претседателските избори како да не постои е безобразен и срамен начин за игнорирање на народната воља.

Од партијата велат дека предизборната кампања и реторика на власта е полна со црнила и клеветење на опозицијата со што сака да ја намали нејзината популарност кај народот.

-За среќа умниот народ ги прочита СДС и ДУИ и резултите од претседателските избори го потврдуваат тоа, ги поразија со пенкало и со силна воља за промени. Срамни се обидите на Ковачевски, Битиќи и сите околу нив да ги убедат граѓаните дека грешеле, ама може да се попраават, небаре Македонија е изборен експеримент каде овие лажговци може да си играат и да крадат. Медиумските платеници во функција на СДС и ДУИ настојуваат да прикажат секакви фактори на влијание за поразот, но не и лошите политики, криминалот и корупцијата на власта која бара доверба за да продолжат „како до сега“, со секакви манипулации да ја погазат народната воља, се вели во соопштението на партијата.

Популарно