Мајката на осомничениот убиец: Данка е жива

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е јавно посочен како убиецот на Данка Илиќ, двегодишното девојче од Бор безобразно го брани нејзиниот син и ја обвинува мајката на Данка дека знае каде е детето, чие безживотно тело српската полиција го бара деноноќно, пренесуваат српските медиуми.

„Мојот Деки не е убиец и тоа го потпишувам со мојот живот не 100 отсто, туку 200, 2.000, милион и два милиони отсто. Тој рече дека тоа го направил за да не биде претепан до смрт од полицијата. Тој е болен, неодамна беше во бањата. Дејан е добар човек, не можеше да крене рака на дете“, изјавила Светлана за Републик.рс.

Таа тврдела дека не го познавала другиот обвинет Срѓан Јанковиќ, кој според извештајот од истрагата бил во автомобилот со Драгијевиќ кога детето било удрено од автомобилот и дека не може ништо да каже за него, но без срам мисли дека и тој е наместен.

Запрашана за мислење што се случило со телото на Данка Илиќ и дали знае која локација би можела да биде тајна за нејзиниот син Дејан, Светлана налутено дала страшен одговор.

- Тоа мало девојче Данка е живо. Мајка и е виновна што детето исчезнало. Го продаде и знае каде е - бесрамно рекла мајката на Дејан Драгијевиќ, за Република.рс.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно