Нови случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Нови 27 случаи на голема кашлица се евидентирани од 19 до 25 април, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештајот, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 20, а пријавени се заболени и во Битола – три, Куманово – две лица и по еден случај во Тетово и Демир Хисар.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 54 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 15 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 11 се комплетно вакцинирани и еден случај е вакциниран согласно возраст“, пишува во извештајот.

Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи на голема кашлица, со инциденца од 28,1/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019-2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Најголем број лица живеат во Скопје – 412 или 79,8 отсто, со зафаќање на седумнаесет различни општини. Во рамките на епидемијата во Куманово, пријавени се 29 заболени лица или 5,6 проценти, а случаи се пријавени и во други 16 градови низ државата.

254 лица се од машки, а 262 од женски пол.

„Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година. Согласно податоците од евиденцијата на пријавувањето – за седмодневен период од понеделник-недела, се забележува континуиран пораст на бројот случаи на неделно ниво, до 12-та недела. Од 12-та недела, со мали варијации, бројот на пријавени случаи се намалува“, се додава во извештајот на ИЈЗ.

Од заболените, хоспитализирани се 73 лица. Од нив, 59 на возраст до четири години. Најголем број од случаите – 51 или 69,9 проценти, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број хоспитализирани лица, 67 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена, покажуваат податоците на Институтот.

Од 18 јануари до 25 април годинава, дадени се вкупно 42.857 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

Вечерва втора полуфинална вечер на Евровизија: Оваа пејачка ја чува полиција во хотелската соба, не смее да излезе ниту на тераса – еве зошто сите се против неа

Вечерва во Малме, Шведска се одржува втората полуфинална вечер на Евровизија.

За влез во финалето ќе се „борат“ Албанија, Ерменија, Австрија, Чешка, Данска, Грција, Малта, Швајцарија, Белгија, Естонија, Грузија, Израел, Латвија, Холандија, Норвешка и Сан Марино.

Финалето е во сабота.

Од балканските земји во финалето пред два дена се пласираа Хрватска, Србија и Словенија, а меѓу дестте земји кои продолжуваат понатаму се и претставниците на Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.

Најголемо внимание вечерва се очекува да привлече претставничката на Израел.

Еден знак го очекуваат големи промени во личниот живот и на работното место

OВЕН

Едно известување ќе предизвика големи промени не само во личниот живот, туку и на работното место. Не ја пропуштајте добрата шанса затоа што можеби нема да ви се појави наскоро. Здравиот разум и добро осмислените постапки ќе ве заштитат од сериозни грешки. Проблемите во попладневните часови се поврзани со вашите успеси и со поголема претпазливост.

БИК

Потребно е многу труд за да се справите со работата и да ги одложите итните задачи. Не се очекуваат финансиски приходи. Очекувајте предлози кои ќе доведат до подобрување на материјалната состојба. Доколку е потребно, побарајте помош од колегите, но само ако сте убедени дека не можете сами да се справите со тешкотиите.

БЛИЗНАЦИ

Подобрете ја вашата материјална состојба со вашата совршена работа откако ќе ја добиете оваа можност. Не преземајте промени на работното место. Бидете внимателни и трпеливи. Подобро обидете се да ги оцените сите позитивни и негативни квалитети на вашите деловни партнери. Така нема да зажалите за склучените договори, бидејќи може да се изненадите од загуби.

РАК

Донесувајте важни одлуки, но потпирајте се на разумот. Работете активно и разгледајте ги новите деловни предлози без да покажете дека сте импресионирани од нив, за да не ве ускратат од нешто важно и да згрешите. Обрнете внимание на нови профитабилни инвестиции без да дадете позитивен одговор истиот ден. Пазете се од избрзување и непромислени постапки.

ЛАВ

И покрај тешкотиите на вашиот пат, ги постигнувате професионалните успеси од соништата. Бидете трпеливи за да се справите со задачите што ви се доделени. Обидете се да добиете увид во вашите активности на работното место. Деловните разговори беа успешни. Одговорниот однос кон вашата работа ќе ви помогне да се справите со обврските. Колегите се на ваша страна и ќе ве поддржат.

ДЕВИЦА

Денеска сте чувствителни, неодлучни и полни со сомнежи. Причината е предизвикана од фрустрацијата што ја доживувате поради неподготвеноста на вашите колеги да ги сфатат сериозно вашите идеи, а со тоа ве навредуваат. Ве изневерија луѓе на кои целосно им верувавте. Не е во ваша полза да се занимавате со тргување или финансиски трансакции, бидејќи ако се потпрете на вашата среќа затоа што ќе изгубите.

ВАГА

Направете успешен почеток на важни деловни разговори. Не одбивајте средби со нови деловни партнери. Ќе добиете нови предлози за заеднички бизнис. Тие ве искушуваат, но бидете внимателни, бидејќи вашата судбина наметнува забрани за ризични и непромислени постапки. Судбината ви дава шанса да пронајдете работи и пари што недостасигаат, а исто така и да запознаете деловни партнери.

ШКОРПИЈА

Успехот ќе ве следи доколку внимателно ги водите разговорите и деловните состаноци и создавате нови односи, но бидете внимателни. Очекувајте однапред планирани промени во вашата кариера. Не дозволувајте колегите да ви пречат со прашања надвор од вашите професионални обврски.

СТРЕЛЕЦ

Пазете се од несоодветни контакти. Воздржете се од донесување важни одлуки и од активни активности поврзани со вашата професионална реализација доколку не сте подготвени за промени. Не потпирајте се на партнерите и не очекувајте помош од колегите за да не си наштетите на работатното место и да избегнете непотребни проблеми.

ЈАРЕЦ

И покрај тешкотиите, полни сте со желба за работа. Ќе доживеете неочекувани позитивни промени. Ако сонувате за сопствен бизнис, размислете кога да го започнете, но можете и уште денеска или до крајот на седмицата. Во ваш најдобар интерес е да обрнете внимание на новите деловни зделки и да ги искористите максимално.

ВОДОЛИЈА

Не обидувајте се да барате поддршка од вашите деловни партнери и не очекувајте помош. Промените предизвикуваат да бидете премногу раздразливи и агресивни. Интервенцијата и советите на вашите колеги се добронамерни, бидејќи сакаат да ви помогнат. Патувајте доколи имата вистинска потреба. Потпрете се повеќе на вашата интуиција.

РИБИ

Денеска не дозволувајте да бидете искушувани од потфати. Обидете се брзо да ги разјасните недоразбирањата кои настанале со вашите колеги, за да не ги носите во вашиот дом навечер. Бизнисмените се подготвени да подготват договори за потпишување, но не ги предвиделе замките што не се споменати во клаузулите што им штетат. Заштитете се од финансиски загуби.

Состојба која докторите ја нарекуваат тивок убиец – препознајте ги веднаш раните симптоми кои не треба да ги игнорирате

Високиот холестерол, којшто исто така е познат и како хиперхолестеролемија, е состојба која се нарекува тивок убиец.

Холестеролот може да се наталожи во артериите, што доведува до нивно затнување и спречува проток на крв. Тоа е главниот ризик за развој на кардиоваскуларни болести кои се водечка причина за смрт ширум светот, а предизвикуваат речиси 18 милиони смртни случаи годишно.

Можеби најмногу загрижува фактот што високото ниво на холестерол често е состојба без симптоми, што значи дека останува недијагностицирана.

Со други зборови, зголеменото ниво на холестерол може да се воочи само преку крвна анализа, но постојат и некои симптоми кои би можеле да се воочат доколку се развие состојба која се нарекува периферна артериска болест.

Станува збор за состојба во која таложењето на масните наслаги во артериите го ограничува протокот на крв во мускулите на нозете.

Како последица на тоа може да се појави силна болка во нозете, трнење или слабост, губење на влакната, отворени рани на нозете кои не зараснуваат, промена на бојата на кожата на нозете, ослабнување на мускулите.

„Симптомите на оваа состојба се развиваат бавно во текот на времето. Доколку се развиваат брзо или се влошуваат, тоа би можело да биде знак на сериозен проблем којшто бара итно лекување“, појасниле од Националната здравствена служба на Велика Британија.

Од овие знаци, најчеста е болката при одење. Таа може да варира од блага до силна и вообичаено настанува после неколку минути одмор.

Често се појавува и на двете нозе во исто време, а останатите симптоми можат да вклучуваат сјајна кожа и еректилна дисфункција.

Популарно