Бобан Трајковски, херојот убиен во Вејце доби споменик

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.

Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.

Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).

Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.

Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил

32 годишник излетал од коловозот и починал.

- На 20.05.2024 во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило „фолксваген туран“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(32) од с.Колибари, кичевско, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот А.Б., а сопатникот Л.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје

Вчера околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје.

Како што сведочат очевидци на настанот, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот „Око“.

Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.

Извршен е увид, а по наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а  сообраќајот се одвива нормално и без застој. 

Популарно