ЖРК Вардар ја покажа класта и го совлада Ларвик во Норвешка

Македонскиот женски ракометен шампион го оствари она што го пропушти во Борис Трајковски во Скопје и го совлада Ларвик во Норвешка. По несреќните 27-27 на домашен терен, денеска Вардарки на готи го совладаа ланскиот финалист во лигата на шампиони со 31-29.

phoca_thumb_l_Vardar scbt-Bera bera - 027

Фантастичен меч на целиот тим од кој можеби за издвојување се двете крила, Дембеле - која беше и прогласена за играч на мечот и Радичевиќ, потоа Квирова и секако голаманката Суслина. Одиграа вардарки жестоки 60 миниту за победа и прво место во групата на Лигата на шампионите. Ова беше последниот меч од групната фаза, па сега ЖРК Вардар ќе ја чека ждребката и противникот во 1/8 финалето.

(ВИДЕО) 22 години од денот кога Кометал ја освои Лигата на шампионите

На денешен ден, пред дваесет и две години, секој Македонец беше горд и плачеше од радост, затоа што женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. На 19 мај, 2002 година, Кометалки во мечот за титула го совладаа Херц (26-22) и направија секој човек од нашата земја да слави, без разлика дали е вистински вљубеник во ракометната топка или пак не.

Се присетуваме на последните минути од финалниот натпревар:

Дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ беа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Дваесет и две години подоцна, Македонија има ракометни тимови со кои се гордее. Ама енергијата која ја предизвика Кометал ЃП во нашата земја - засекогаш ќе се памети. Орото кое се виеше на „Македонско девојче“, како и скоковите од радост на „Кометал шампионе“, засекогаш ќе останат врежани длабоко во македонската спортска историја.

Вардар елиминаран од ракометниот куп

Купот на Македонија ќе добие нов владетел. Актуелниот првак Вардар 1961 во драматичен финиш загуби од Алкалоид (25-24) и така тимот на Кирил Лазаров ќе игра историско финале во второто натпреварување во нашата земја.

Дуелот меѓу двете екипи од Скопје беше крајно изедначен и драматичен. Вардар во последниот напад доби шанса од пенал да израмни и да гледаме пенали, но Галевски беше херојот на Алкалоид и го одбрани ударот на Срдановиќ.

Финалето од Купот на Македонија е закажано во недела од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија со пресврт до ново Светско првенство!

Македонија одигра неверојатен натпревар и можеби го направи она што никој не го очекуваше. Во бараж-реваншот против Фарски Острови извојувавме голема победа од 34-26 и повторно ќе играме на еден голем ракометен собир.

Во перфектната атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ момците водени од Кирил Лазаров го оставија срцето на терен и со пресврт ја анулираа предноста на Фараните.

Жарко Пешевски беше перфектен од линијата за шест и имаше „осум од осум“, Филип Кузмановски даде седум гола, шест беа дело на Марко Митев, а пет на Мартин Серафимов. Иако голманите немаа свој ден, Митревски фати четири топки, но две во клучен момент од мечот. 

Популарно