Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ има огромна подршка од „Фалангата“ во Америка.
Антиќ посебно имал голема подршка во Њујорк на гостувањето против Никси, каде што „Фалангата“ грмела.
Атланта Хокс овој пат им се одмазди на Никси за поразот од пред неколку денови и славеше во Њујорк со 90:110. Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Кармело Ентони со 23 поени, а кај Атланта тоа беше Џеф Тиг со 16.
По натпреварот Антиќ преку својот Твитер профил се заблагодари за поддршката во Њујорк.