Која е просечната големина на машкиот полов орган?

Дикусијата дали големината на пенисот е предуна за квалитетот на сексот и понатаму продолжува, но сега барем знаеме која е просечната големина на машкиот полов орган. Па момци ако имате поголем пенис од просекот, можете да бидете горди, иако тоа не значи дека сте добри во кревет.

Shock

Истражувањето е спроведено помеѓу 1661 испитаници каде научниците имале задача да ја утврдат просечната големина на пенисот во ерекција и резултатите покажале дека средната вредност е 14,2 см.

Истражувањето спроведено во универзитетот во Индијана покажало дека пенисите доаѓаат во сите облици и големини. Најмалиот пенис во ерекција бил долг 4 сантиметри, а најдолгиот имал 26 см.

Просечната димензија изнесувала 14,2 см и околу 3-4 см во пречник. Големината на пенисот зависела и тоа како мажот се возбудува. Пенисот ќе биде поголем ако се стимулира орално, за разлика од оној кој се стимулира со фантазија.

Должината на пенисот била предмет на бројни студии, но и на бројни урбани легенди и митови. За многу мажи помислата дека немаат доволно во гаќите предизвикува фрустрации и потешкотии во нивниот сексуален живот.

Меѓутоа дали големината на пенисот е навистина пресудна за квалитетен секс претставува тема за друга дебата. Некои истражувања покажале дека за некои жени кои постигнуваат вагинален оргазам големината е важна и дека со подолг пенис задоволството е поголемо. Други пак студии сугерираат дека поголем не значи и подобар. Идеалната големина на пенисот зависи од висината на особата, а некои студии откриваат дека за повеќето жени дебелината е поважна од должината.

ВИДЕО: Сѐ се виде - Карлеуша претера!

Српската пејачка Јелена Карлеуша на Инстаграм објави серија фотографии и видео на кое носи само црни ленти на интимните делови од нејзиното тело.

Пејачката наизменично се менуваше во пози во високи чизми, а огромната опашка служеше како покривка во клучните моменти.

Дополнително, Јелена посвети посебен пост на ЛГБТ заедницата: „Ги исклучив коментарите поради ужасно болните навреди во коментарите на оние кои се борат за „нормалност“. Претпоставувам дека мислат дека е нормално да мразат, навредуваат и напаѓаат. Па нека си го тргнат гневот на мама што ги воспитала така!“, ја започнала објавата Карлеуша.

„Со големо жалење го прифатив фактот дека гордоста во Белград е откажана. Уште пострашно ми е што во овој момент се случуваат некакви немири каде наместо љубов, толеранција, еднаквост и слобода за сите , зборовите на омраза се слушаат под превезот на нормалност! Омразата не е нормална, омразата е болест. Белград е град кој сака да ги поддржува сите луѓе без разлика на нивната боја на кожа, верска или сексуална определба! Јас како граѓанин на Белград и како највлијателна и навидум најхрабра јавна личност, никогаш нема да дозволиме нашите сограѓани припадници на ЛГБТ заедницата да се чувствуваат помалку достојни, еднакви или слободни! Омразата не е решение и нема да ја толерирам“, заклучи Карлеуша, која и нејзините следбеници на Инстаграм ги почести со разголено издание...

ФОТО: Ќерките на познатите ви го „одземаат“ здивот во бикини!

Медиумите со години, без разлика дали одмараа или настапуваа низ регионот, во летните месеци ги следеа Здравко Чолиќ, Цеца Ражнатовиќ, Наташа Беквалац и многу други, но ситуацијата сега е малку променета.

Благодарение на социјалните мрежи и нивните деца станаа ѕвезди, а следбениците нетрпеливо чекаат најави од егзотични дестинации.

Анастасија Ражнатовиќ ги објави своите први фотографии од плажа уште во јуни, кога отпатува на Ибица со своето момче, фудбалерот Немања Гудеља.

Таа продолжи да објавува „жешки“ фотографии во бикини на својот Инстаграм профил, а нејзините следбеници беа повеќе од воодушевени.

Наследничката на Чола, Уна, уживала во прекрасната глетка на морето во Црна Гора.

Таа преку социјалните мрежи го покажа луксузот во кој ужива, а со тоа откри и во каква убавина израснала.

Атрактивната Џина Џиновиќ го одзема здивот каде и да се појави, а кога носи минимален материјал изгледот е запрепастувачки.

Своите следбеници ги воодушеви и со изданијата на бикини, а коментарите под нејзината објава не изостанаа, па многумина се согласија дека таа израсна во вистинска божица.

Петнаесетгодишната Хана Икодиновиќ се уште е премлада за да патува сама, но таа и нејзината мајка Наташа Беквалац одлично се забавувале во Марбела.

Таа ја изненади јавноста со своите фотографии, па многумина коментираа дека прераснува во вистинска убавица, и дека сигурно ќе скрши многу машки срца, исто како нејзината мајка.

(Фото) Тома и Силвана заедно јадат пилешко со прсти

На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледаат тројцата починати легендарни пејачи Тома Здравковиќ, Силвана Арменулиќ и Бора Дрљача.

Тоа бил свечен прием организиран од локални организатори.

Тогаш Тома и Бора биле на почетокот на кариерата, додека Саилвана веќе била на врвот. Пејачката дружина била срдечно пречекана, а доказ за тоа е интересна фотографија на која јадат печено пилешко. Немало нож и вилушка, послатко им било да јадат со прсти.

По прикажувањето на филмот „Тома“, многумина се прашаа дали Тома навистина бил вљубен во Силвана.

Вдовицата на Тома, Гоца Здравковиќ, во една прилика искрено изјави дека мисли дека меѓу нив имало специфичен однос.

– Ми кажа за Силвана, дека биле добри другари, пријатели. Мислам дека имаше специфична врска меѓу него и Силвана. Познавајќи го мојот сопруг, бидејќи беше заљубљива природа, веројатно бил заљубен во неа, бидејќи таа беше недостижна за него во тоа време. Кога таа почина, тој беше навистина очаен. Не можеше да разбере дека ја нема. Имаа специфична врска, во секој случај се работеше за емоции, рекла таа.

Популарно